КОНСУЛТАНТ ЗА МАЛОПРОДАЖЕН СЕКТОР

Опис на работна позиција

 

Позиција: Консултант за малопродажен сектор

 

ФОРТОНМКА е водечка компанија во секторот на комерцијален недвижен имот, формирана како член на алијансата на Cushman & Wakefield (најголема светска приватна консултантска компанија во секторот на комерцијални недвижнини). Соработуваме со најголемите инвеститори во сферата на недвижниот имот на пазарот. 

Вработените на ФОРТОНМКА се основен и најсилен фактор за постигнување на целите и резулататите на компанијата. За таа цел компанијата континуирано обезбедува атрактивни услови за работа и се грижи секој вработен да биде мотивиран и соодветно награден.

Во нашата компанија може да очекувате одлична работна атмосфера во модерно уредени канцеларии.

 

Да станете дел од ФОРТОНМКА е само почеток доколку сакате да изградите професионална кариера во врвна меѓународна компанија за недвижнини, како дел од тим на големи професионалци.

 

Потребни квалификации со активностите на позицијата:

• Работно искуство мин. 2 год. во продажба

• Одлично познавање на MS Office

• Одлично познавање на англиски јазик

• Организиран, аналитичен и ориентиран кон остварување на резултати

• Одлични комуникациски и презентациски вештини

• Познавање на економските трендови на пазарот

 

Работни задачи:

• Идентификување на потенцијални нови клиенти, одржување и унапредување на секторот

• Идентификување на нови бизнис можности, клиенти и малопродажни објекти

• Консултирање и нудење на решенија на клиентите за нивните потреби и стратегија за експанзија

• Водење на преговори во процесот на продажба и изнајмување на малопродажни објекти

• Подготовка на податоци за презентации и состаноци

• Пратење на трендовите на пазарот за недвижности

• Координирани посети со потенцијални клиенти на терен

• Извршување на административни активности 

• Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи за малопродажниот сегмент

• Анализа, сортирање и процесирање на информации од доменот на недвижности

 

Услови кои ги нудиме:

• Динамични услови за работа во брзорастечка компанија

• Атрактини месечни примања (опција за атрактивни бонуси зависно од перформансите)

• Можност за понатамошно усовршување и напредување во компанијата

• Полно работно време од 8 часа – Понеделник до Петок (8:30 – 16:30)

 

Останати информации:

• Официјален старт на работната позиција: Јануари 2020

• Временски рок за поднесување на апликацијата: 28ми Декември, 2019 година

• Ваша професионална биографија (CV) испратете ја на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој е спремен за нови професионални предизвици и подготвени за нови успеси, Ве покануваме да ни се придружите.

 

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »