Опис на работна позиција
Позиција: Консултант за индустриски сектор
ФОРТОНМКА е водечка компанија во секторот на комерцијален недвижен имот, формирана како член на алијансата на Cushman & Wakefield (најголема светска приватна консултантска компанија во секторот на комерцијални недвижнини). Соработуваме со најголемите инвеститори во сферата на недвижниот имот на пазарот.
Вработените на ФОРТОНМКА се основен и најсилен фактор за постигнување на целите и резулататите на компанијата. За таа цел компанијата континуирано обезбедува атрактивни услови за работа и се грижи секој вработен да биде мотивиран и соодветно награден.
Во нашата компанија може да очекувате одлична работна атмосфера во модерно уредени канцеларии.
Да станете дел од ФОРТОНМКА е само почеток доколку сакате да изградите професионална кариера во врвна меѓународна компанија за недвижнини, како дел од тим на големи професионалци.
Потребни квалификации со активностите на позицијата:
- Работно искуство мин. 2 год. Во продажба и познавање на В2В
- Високо образование се смета за предност
- Познавање на економските трендови на пазарот
- Одлично познавање на MS Office
- Одлично познавање на англиски јазик
- Организиран, аналитичен и ориентиран кон остварување на резултати
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Самоиницијативен, think-outside-the-box професионалец
Работни задачи:
- Идентификување на потенцијални нови клиенти, одржување и уапредување на секторот
- Идентификување на нови бизнис можности, клиенти во индустрискиот сектор
- Консултирање и нудење на решенија на клиентите за нивните потреби и стратегија за експанзија
- Водење на преговори во процесот на продажба и изнајмување во индустрискиот сектор
- Анализа, сортирање и процесирање на информации од доменот на индустриски недвижности
- Подготовка на податоци за презентации и состаноци
- Извршување на административни активности
- Изработка на дневни, неделни и месечни извештаи за индустрискиот сегмент
- Пратење на трендовите на пазарот за недвижности во индустрискиот сектор, макро економската политика и инвестициите на пазарот
- Координирани посети со потенцијални клиенти на терен
Услови кои ги нудиме:
- Динамични услови за работа во брзорастечка компанија
- Атрактини месечни примања (опција за атрактивни бонуси зависно од перформансите)
- Можност за понатамошно усовршување и напредување во компанијата
- Полно работно време од 8 часа - Понеделник до Петок (8:30 – 16:30)
Останати информации:
- Официјален старт на работната позиција: Јануари 2020
- Временски рок за поднесување на апликацијата: 28ми Декември, 2019 година
- Ваша професионална биографија (CV) испратете ја на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој е спремен за нови професионални предизвици и подготвени за нови успеси, Ве покануваме да ни се придружите.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани
Останати огласи »