Аерозагадувањето убива во земјите од Западен Балкан.
Секоја година околу 5.000 луѓе од регионот умираат прерано поради последиците по здравјето, предизвикани од загадувањето на воздухот.
На удар се жителите на 19 градови во регионот.
На граѓаните поради аерозагадуваето животот им се скратува во просек по 1,3 година.
Сараево, Белград и Скопје важат за најзагадени градови во светот.
Тие уриваат рекорди со присуството на ПМ честички во воздухот.
Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара да се прогласи вонредна состојба.
„Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Партијата побара Владата во координација со Град Скопје да прогласи вонредна состојба, и да се преземат вонредни мерки за заштита во училиштата, институциите и градилиштата.
Скопје и Македонија вчера беа покриени со магла, беа откажани летови, а АМСМ препорача внимателно возење.
Белград и денеска е 8-от најзагаден град во светот.
Во Македонија Битола моментално води со аерозагадувањето, а зад неа се Струмица и Тетово.
Интересно е што деновиве и Охрид беше рангиран како најзагаден македонски град.
Загадениот воздух е штетен за сите категории на граѓани, но посебно за хронично болните, трудниците, децата.
foto ozonpres