Висината од 14.500 денари не само што е понижувачка, туку и самото отворање на тоа прашање е понижувачко, смета првиот човек на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
Тој во утринското интервју за агенцијата МИА посочува дека регулацијата на односите од страна на државата кон приватниот сектор е лоша работа и дека приватниот сектор треба да има полна слобода во својата интенција. Потенцира дека Македонија се движи кој пазарна економија и треба да бидеме свесни дека ништо не менува дали минималната плата ќе биде 14.200 или 14.800 денари .
Годинава што изминува Азески ја оценува како нормална година, во која земјава решаваше крупни и тешки надворешно-политички прашања.
„Моментно нашата оценка е дека нема загрозен сектор, а решавањето на крупните прашања се надеваме дека ќе остават простор за економијата“, вели Азески.
Првиот човек меѓудругото во интервјуто предупредува на ризикот бизнисот да го префрли капиталот надвор, доколку земјава не се позанимава сериозно со состојбите во правосудството.
Азески како можни дестинации каде капиталот би можел да биде изнесен ги набројува Прешево, Солун, Сандаски...
Во однос на НАТО алијансата и Европската унија, размислувањата на првиот човек на најстарото коморско здружување во земјава се дека тие и требаат на државата, но ни требаат и нови пазари, без разлика дали тоа ќе бидат Русија, Блискиот Исток, Северна Африка.
Целото интервју читајте го тука.