За секое прво, односно второ новородено дете, родителите имаат право да добијат еднократна парична помош. Согласно најновите измени на Законот за заштита на децата од оваа година, парична помош за новороденче се обезбедува на семејство за прво и второ новородено бебе.
Според законската регулатива, за прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш. Истовремено, за прво и второ новородено дете се сметаат и посвоените деца, на возраст до една година, доколку мајката нема новородено дете.
Право на еднократна парична помош за новороденче родено во земјава има еден од родителите, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето.
ВИСИНАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ПРВО НОВОРОДЕНЧЕ ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ. ВИСИНАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ВТОРО НОВОРОДЕНЧЕ ИЗНЕСУВА 20.000 ДЕНАРИ.
Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.
Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши усогласување на висината на еднократната парична помош.
Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште.
Кон барањето се поднесува и се поднесува и следната документација:
Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши усогласување на висината на еднократната парична помош.
Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште.
Кон барањето се поднесува и се поднесува и следната документација:
БАРАЊЕТО ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧЕ СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА СЕ ПОДНЕСУВА ДО НАДЛЕЖНИОТ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА, НАЈДОЦНА ДО НАПОЛНЕТИ ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ НА ДЕТЕТО, А ЗА ПОСВОЕНО ДЕТЕ НАЈДОЦНА ДО ТРИ МЕСЕЦИ ОД ЗАВЕДУВАЊЕТО НА ПОСВОЕНОТО ДЕТЕ ВО КНИГАТА НА РОДЕНИТЕ.
Во случај кога мајката не е државјанин на Република Северна Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Северна Македонија и има лична карта за странец издадена од Министерство за внатрешни работи, барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче го поднесува таткото до центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое таткото има постојано место на живеење.