- Објавен на 12.2019
- Центар за обука ЕВА
- Активен до 02.01.2020
- Позиција: Административен работник
- Локација: Скопје
(преземи го огласот како слика)
ВРАБОТУВАМЕ АДМИНИСТРАТИВЕН КООРДИНАТОР
Вашето стабилно, среќно и инспиративно работно место!
Кариера со сигурни примања, одлични услови, позитивна атмосфера и можност за напредување!
Центар за обука ЕВА вработува двајца административни координатори на полно работно време за:
- водење евиденција на пријавени слушатели, интересенти и курсисти;
- вршење наплата на пулт и издавање фактури;
- телефонска и пишана кореспонденција со клиенти и интересенти;
- информaции на приемен пулт /телефон /мејл и социјални медиуми за тековните курсеви;
- продажба на едукативните услуги на Центар ЕВА преку наведените канали за комуникација и на пулт;
- заведување документација и архивирање,
- тековни пресметки за исплати кон соработници и евиденција за истите;
Работно време: од 10:00, 11:00, 12:00, 13:00 од понеделник до петок, зависно од распоредот на обврските и предавањата во Центар ЕВА.
За време на викенд работното време е од 9:00 или 9:30 часот.
Распоред и број на работни саати: од 36-40 работни часа неделно, 5 работни дена. Кога се работи за време на викенд работните часови се 6 место 8, а слободни денови се 2 по договор во работната недела.
Што бараме:
- работно искуство со канцелариско работење;
- завршено високо образование;
- познавање на англиски јазик;
- познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) и интернет;
- силни организациски вештини;
- силни вербални и писмени комуникациски вештини;
- силни продажни вештини;
- позитивен пристап кон клиентите, колегите и решавање на работните предизвици;
- познавање на социјалните медиуми;
- најмалку две години релевантно работно искуство во управување со канцеларија, вршење технички и административни задачи;
- прецизно и точно управување со информации, податоци и документи;
- способност за ефикасно работење во динамична средина со комерцијална ориентација и работа под притисок;
- способност за правилно, оптимално планирање и извршување на работните задачи, како и на ненадејно зададени задачи со приоритет;
- способност за јасна и ефективна комуникација со личности од различни хиерархиски нивоа, националности и социјална позадина во писмена и усна форма;
- подготвеност за континуирано учење и развивање нови знаења и вештини, усвојување нови технологии и методологии со цел постојано подобрување на личните и деловни вештини;
Што нудиме:
- тип на вработување: на полно работно време со договор на неопределено
- основна нето плата: 18.000 - 25.000 зависно од искуството, квалификациите и вештините.
- бонуси за високи резултати и достигнувања и разни други бенефиции
- евалуација на секои 3 месеци со можност за брзо напредување
- градење на успешна кариера во ЕВА со можности за постојано напредување
- сигурни и навремени примања
- одлични услови за работа
- позитивна работна средина
- почитување, признание и заштита на интегритетот и личноста
- можности за учење, усовршување и натамошни обуки и семинари
- поддршка за личен развој и посетување на други интерни или екстерни обуки итн.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: да пратат своја кратка биографија и една препорака од свое претходно вработување на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака АДМИНИСТРАТИВЕН КООРДИНАТОР, најдоцна до 9.1.2019 година. Кандидатите што ги исполнуваат условите може да бидат повикани на интервју и пред истекот на рокот за аплицирање.
Ваш,
Центар за обука ЕВА
Слични огласи »