Промовирани огласи »

Центар за обука ЕВА вработува двајца АДМИНИСТРАТИВНИ КООРДИНАТОРИ. Основна нето плата 18.000 - 25.000 денари зависно од искуството, квалификациите и вештините: https://kariera.mk/job/twiwhgLWykiOrp9F0tUayw/administrativen-koordinator

Sport Vision има потреба од ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ во Тетово: https://kariera.mk/job/EwwWA0lUEkKNpZyFFqcAMw/prodazhen-asistent-tetovo

Центарот за странски Јазици LTW Cambridge, кој постои веќе 19 години има потреба од проширување на тимот за работно место ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК: https://kariera.mk/job/ot43FRfW4EGW2ER9mHl3UQ/profesor-ka-po-angliski-jazik

Фирмата Дон Хаус работи градежна дејност и има потреба од ГРАДЕЖЕН ИНЖИНЕР: https://kariera.mk/job/bGT1wkSgKEenBcwC6IS5dA/gradezhen-inzhiner

Водечкиот центар за дигитално печатење во Македонија, Polyesterday, вработува ОПЕРАТОР ЗА ПЕЧАТЕЊЕ (ДИГИТАЛНО ТАБАЧНО ПЕЧАТЕЊЕ): https://kariera.mk/job/9KNZacJ6P0yJ_-FbziYgZw/operator-za-pechatenje-digitalno-tabachno-pechatenje

Промовирани огласи »

За секое прво, односно второ новородено дете, родителите имаат право да добијат еднократна парична помош. Согласно најновите измени на Законот за заштита на децата од оваа година, парична помош за новороденче се обезбедува на семејство за прво и второ новородено бебе.

Според законската регулатива, за прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш. Истовремено, за прво и второ новородено дете се сметаат и посвоените деца, на возраст до една година, доколку мајката нема новородено дете.

Право на еднократна парична помош за новороденче родено во земјава има еден од родителите, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето.

ВИСИНАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ПРВО НОВОРОДЕНЧЕ ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ. ВИСИНАТА НА ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ВТОРО НОВОРОДЕНЧЕ ИЗНЕСУВА 20.000 ДЕНАРИ.

Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши усогласување на висината на еднократната парична помош.

Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште.

Кон барањето се поднесува и се поднесува и следната документација:

Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши усогласување на висината на еднократната парична помош.

Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште.

Кон барањето се поднесува и се поднесува и следната документација:

БАРАЊЕТО ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧЕ СО ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА СЕ ПОДНЕСУВА ДО НАДЛЕЖНИОТ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА, НАЈДОЦНА ДО НАПОЛНЕТИ ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ НА ДЕТЕТО, А ЗА ПОСВОЕНО ДЕТЕ НАЈДОЦНА ДО ТРИ МЕСЕЦИ ОД ЗАВЕДУВАЊЕТО НА ПОСВОЕНОТО ДЕТЕ ВО КНИГАТА НА РОДЕНИТЕ.

Во случај кога мајката не е државјанин на Република Северна Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Северна Македонија и има лична карта за странец издадена од Министерство за внатрешни работи, барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче го поднесува таткото до центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое таткото има постојано место на живеење.

Промовирани огласи »

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година. Оваа 2019. година до крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 10. 088 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 10. 088 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари, а годинава минималниот износ е 9.610 денари или максимални 14.090 денари.

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Треба да знаете и дека минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Промовирани огласи »

Бане Најдовски повеќе од еден месец чека комисија за инвалидност да го повика за проценка на работната способност. 59-годишниот скопјанец кој има деменција, дијабет и прележал неколку мозочни удари, по петти пат ќе заврши кај лекарите за да утврдат дали заслужува инвалидска пензија. По сторијата на Сител за Бане пред 4 месеци, неговото семејство вели дека нема подобрување туку состојбата уште повеќе му се влошува.

-Еве чекаме повеќе од еден месец да добиеме покана, Порано одеше со мене до ВЦ, сега не може да станува, поголем дел од денот само лежи и ја пие терапијата, вели Лиле Најдовска, сопруга на Бане.

Освен за Бане, Сител објави стории и за Ацо Јовановски од Скопје и Љубомир Стефановски од Куманово кои поминале голгота низ институциите, но и покрај тешката здравствена состојба комисиите ги прогласиле за работоспособни. Во меѓувреме, сите тројца со години се корисници на туѓа нега која ја добиваат лица кои не можат да се грижат сами за себе. И додека Бане, Ацо и Љубомир не можат да ги остварат своите права, токму инвалидските пензии според укажувањата на граѓаните се на врвот како главни извори на корупција во социјалниот сектор. Министерката Мила Царовска најавува средување на состокбите во овој сегмент со нов систем, кој ви профункционирал за две години.

-Единствено утврдување на работна способност од едно тело, едни вештаци на национално ниво кои ќе утврдуваат дали работната способност е 50, 30 проценти и ви следи тоа и тоа право, на тој начин ќе го намалиме корумпирањето или ќе ја намалиме недовербата на граѓаните во овој систем, вели Мила Царовска, министер за труд и социјала.

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување под чии ингеренции се комисите за инвалидска пензија се изјаснија дека немале пропусти при одлучувањето за бане и Ацо.

Од друга, страна, лекари специјалисти потврдија дека лица со деменција и тешки последици од мозочен удар не можат да бидат способни за работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »