Промовирани огласи »

Се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец.

Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.

Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Ангеловска истакнува дека за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

– За само три дена, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките: скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260К на 400К на ден во просек), зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот, три пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно ниво.Во наградната игра до сега учествуваат околу 110 000 граѓани, а во првите три дена доделени се и првите 30 награди, наведе Ангеловска.

За наградната игра раѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Наградната игра ќе трае една година, до 14 декември 2020 година.

Промовирани огласи »

Со доаѓањето на студените денови се појавуваат и проблемите со тешкото стартување на моторот на автомобилот, но и со утринското замаглување на стаклата. Потребно е постојано да се бришат стаклата, да се вклучува клима уредот и да се чека додека стаклото не се исуши. А тоа може да се среди на едноставен начин, за кој и не сте размислувале.

Сѐ што ви треба се еден пар чорапи и силицијски песок за мачки! Тој песок е изработен од исушен силицијски гел и благодарение на својата моќ за впивање, се користи и по цел месец при чување на мачките дома, и менувањето на песокот каде тие уринираат.

Корисни совети за безбедно возење во услови на магла

Во овој период од годината, маглaта рано наутро и ноќе е сосема нормална и очекувана појава. Онаа што загрижува е фактот дека маглата може да биде многу сериозен извор на опасности во сообраќајот доколку возачите не го прилагодат своето однесување во сообраќајот согласно временските услови, односно согласно условите на патот.

Маглата го намалува видното поле на возачот, ја намалува ориентацијата во просторот и доведува до погрешна проценка за растојанието помеѓу возилата. Неретко, маглата и слабата видливост е причина за предизвикување на верижна сообраќајна незгода во која учествуваат голем број на возила, голем број на возачи, а последиците може да бидат и катастрофални.

Со цел превенција од несакани ситуации, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети до возачите како да се однесуваат во услови на магла и намалена видливост:

• Почитувањето на правилата за ограничување на брзината во услови на магла и намалена видливост е од особена важност. Секој возач мора да ја прилагоди односно намали брзината согласно видливоста и условите на патот.

• Во услови на магла, возачот задолжително треба да држи безбедно растојание и да биде подготвен за запирање на возилото во случај на потреба.

• Возачот на моторно возило, во услови на магла, задолжително треба да ги има запалено соборените светла за осветлување на патот или светлата за магла или двете светла истовремено.

• Светлата за магла можат да се употребуваат само во услови на магла или во случај на намалена видливост („намалена видливост“ постои ако заради неповолни атмосферски или други временски прилики – магла, снег, дожд, прав, чад и слично, возачот не може јасно да ги воочи другите учесници во сообраќајот на оддалеченост од најмалку 200 m на пат надвор од населено место, односно од најмалку 100 m на пат во населено место;)

• На јавен пат, во услови на намалена видливост (густа магла, чад и слично) возачот е должен да ги вклучи покажувачите на правци (четирите трепкачи) на возилото.

• Избегнувајте да престигнувате и да запирате на отворен пат, во услови на намалена видливост и магла. Ако запирањето е неопходно, поставете соодветна сигнализација за одбележување на возилото. Сигнализацијата поставете ја на поголемо растојание од она на кое би ја поставиле во нормални услови и вклучете четири трепкачи.

• Нагло свртување, нагла промена на правецот на движење, нагло запирање или нагло забрзување на возилото во услови на магла и намалена видливост е исклучително ризично и опасно. Кога има магла, најдобро е да се вози внимателно, со предвидливи дејствија и со константна брзина прилагодена на условите на патот.

• Никогаш не го паркирајте возилото на пат, особено не во услови на магла и намалена видливост.

• Кога има магла или слаба видливост се препорачува да возете блиску до десниот раб од коловозот.

• За младите и неискусни возачи, односно за возачите почетници се препорачува дополнителна обука за возење во услови на магла и слаба видливост. Дополнителната обука може да се организира со возач инструктор или со искусен возач од кругот на семејството и пријателите.

Возењето е сериозна „мултитаскинг“ активност која бара знаење, вештини, карактер, но и концентрација и посветеност. Возењето во услови на магла е дополнително отежната мултитаскинг“ активност.

Затоа РСБСП со апел: Во услови на магла и намалена видливост, почитувајте ги горенаведените совети, бидете внимателни и концентрирани, прилагодете го однесување во сообраќајот согласно временските услови, односно согласно условите на патот.

Промовирани огласи »

Добивањето отказ од работното место никогаш не е пријатно искуство, но новиот трансферен систем во Шведска ветува многу повеќе отколку само враќање во стабилна положба.

Една од најстресните нешта што може да ви се случат е добивањето отказ. Ако некогаш ви се случило, го познавате чувството на паника, грижа за кариерата, неплатените сметки и здравственото осигурување.

Но, што ако отказот е најдоброто нешто што ви се случило? Не благодарение на добра среќа, туку на ново создадениот систем кој има за цел да го отклучи вашиот потенцијал и да ви овозможи работа уште подобра од претходната.

Новиот трансферен систем во Шведска е услуга за социјална заштита на национално ниво за работници кои неодамна останале невработени поради технолошки вишок.

Компаниите плаќаат за „совети за безбедност на работното место“, кои обезбедуваат квалификувани тренери кои ги селектираат потенцијалите на вработените и според нив наоѓаат компатибилно работно место на пазарот. Постојат 16 вакви организации и секоја од нив опфаќа различен сектор од економијата и има задача да најде нови работни места за работниците кои го изгубиле работното место од економски причини.

Благодарение на овој систем, Шведска има најдобар процент на ревработување во светот – околу 90% од работниците кои добиле отказ добиле нова работа во рок од една година. Оваа бројка е драстично поголема од Франција и Португалија чиј процент е 30%.

Izvor: hybrid.mk

Промовирани огласи »

Научниците советуваат работниот ден дека треба да почне во 10 часот, студентските предавања во 11 часот, часовите за учениците од 8:30 наутро. Предлогот настанал по многубројните студии и истражувања, што ги спровеле научниците од Универзитетот Оксфорд.

Форсирањето на работниците помлади од 55 години да доаѓаат на работа пред 10 часот е контрапродуктивно. Работниците се изморени, нивниот имунитет е послаб и повеќе се склони на болести и поголем стрес.

Тоа води кон послаба меморија и недостиг на внимание, а може да заврши со алкохолизам или земање дрога, тврдат научниците од Оксфорд.

Нивните тела се исцрпени поради ненаспаноста, а тоа многу влијае на продуктивноста. После 55-та година од животот на луѓето им е потребен помалку сон, а дотогаш би требало со работа да почнуваат во 10 часот за да бидат со полн работен елан и продуктивност. Работниот ден би требало да почнува подоцна и за учениците и студентите. Постарите деца во училиште не би требало да одат пред 11 часот – објаснува доктор Пол Кели, научник од Оксфорд.

Студиите покажуваат дека ученик на возраст од девет години не може квалитетно да се концентрира на наставата пред 8:30, а учениците во средните училишта пред 10 часот.

За студентите најдобро време за настава и учење е после 11 часот. Тогаш подобро би учеле и би имале помалку проблеми во нивното однесување, бидејќи би биле поодморени.

Живееме во ненаспиено општество. Не можеме да го промениме нашиот 24-часовен биоритам. Нашето тело живее во хармонија со сонцето, недостатокот на сон е мачење, а тоа го прават и во болниците. Општеството би морало да го усогласи почетокот на работниот и училишниот ден со природниот човечки сон, бидејќи на тој начин кај работниците, учениците и студентите доаѓа до здравствени и психички проблеми – истакнал доктор Пол Кели од Универзитетот Оксфорд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »