Се зголемиле нето платите во Македонија.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, била 25.726 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.7 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (7.4 отсто) и Уметност, забава и рекреација (6.7 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.4 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 отсто).
45.549 денари нето земале вработените во информации и комуникации, 44.345 нето добивале вработените во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови, 60.899 во компјутерско програмирање, 45.683 денари во воздухопловен транспорт.