Промовирани огласи »

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за денар е повисока цената на Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и на Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, 70 денари на Еуросупер БС 98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-ЕV), а на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,5 денари.

а 1,932 денари по килограм поскапува мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе се продава по цена од 37,339 денари за килограм.

Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривари на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Промовирани огласи »

Пластичните кеси за пазарење во маркетите и шопинг-центрите од 2021 ќе чинат најмалку 10 денари од 2021. Ова денеска го најави Асоцијацијата. за управување со отпад а промената ќе следува по усвојување на новиот Закон за управување со отпад.

Според исото решение, минималната црна за пластична кеса ќе биде 10 денари, а маркетите, односно малопродажбата нема да може сама да си ги плаќа, односно да ги продава по најмалку 2 денари или да ги нуди бесплатно.

Целта на законот е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси, а граѓаните и фирмите ќе имаат рок од една година да се прилагодат и полека да почнат да ги исфрлаат од употреба.

Промовирани огласи »

Киев, 23 декември 2019 (МИА) – Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Северна Македонија, објави денеска на Twitter државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац.

Стартот на безвизниот режим со Северна Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи, наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Северна Македонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.

Украинската Влада на 21 август го одобри Договорот со земјава за условите за укинување на визниот режим со земјава. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт безвизен режим.

Промовирани огласи »

Програмата за поддршка на конкурентноста на мали и средните претпријатија за Северна Македонија e кредитна линија спроведена заеднички од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР и Европската унија.ЕБОР обезбедува средства за кредит, додека ЕУ обезбедува грант и бесплатна техничка помош. Целта на Програмата е да го зајакне капацитетот на малите и средни претпријатија (МСП) за пристап и соочување со конкуренцијата на пазарите во Европската Унија (ЕУ).

Програмата е дизајнирана да овозможи поддршка на имплементацијата на стандардите на ЕУ на ниво на МСП во областа на заштитата на животната средина, здравје и безбедност на вработените и квалитет и безбедност на производите.

За оваа цел Програмата - финансиски инструмент, комбинира кредитна линија од страна на ЕБОР пласирана преку локални Банки учеснички, грантови во вредност од 15% и бесплатна техничка поддршка финансирани од страна на Европската Унија.

Програмата е структурирана преку два основни пристапи.  Првиот е пристап вклучува едноставни подобни проекти до 150.000 Евра, однапред одобрена опрема за финансирање (на пример: камиони, производство и преработка на храна, индустриска помошна опрема, processing equipment, фотоволтаични панели, итн.). 

Вториот пристап е за покомплексна инвестиција: опрема, градежни активности итн. За овие под-проекти, консултантот во тесна соработка со компанијата изработува Инвестициски план (ИП).

За да аплицираат за Програмата, заинтересираните компании ќе треба да го достават пополнетиот формулар за пријавување (кој може да се преземе од веб-страницата www.web-sme-csp.com ) на една од 4-те партнерски банки: Охридска банка, Шпаркасе банка, Комерцијална банка и ПроКредит Банка.

Програмата е наменета за локалните приватни мали и средни претпријатија (според ЕУ дефиницијата), трговци поединци или друго правно лице формирано според законите на Северна Македонија, односно лица регистрирани како претприемачи или кои се занимаваат со економски активности кои работат во согласност со законите на Северна Македонија.

Речиси сите компании можат да аплицираат за заем во рамките на Програмата, во кумулативна вредност до 1 милион евра, исплатени во еден или повеќе кредити.

Бесплатни технички совети се обезбедени од меѓународни и локални експерти за проектниот објект на инвестицијата со цел да им помогнат на малите и средни претпријатија да најдат најдобро решение за исполнување на директивите на ЕУ, да станат конкурентни во нивната трговија со партнери од ЕУ и да ја зголемат својата профитабилност преку повисок квалитет на производите и услугите.

Речиси сите подобни инвестиции во Програмата вклучуваат или намалување на потрошувачката на енергија, или намалување на емисиите на гасови (GreenHouse Gases - GHG).

Во моментот, исплатeни се повеќе од 16.5 милиони евра за 75 проекти. Секторите се доста различни и покажуваат дека Програмата може да се користи од различни типови  на компании. Успешните приказни вклучуваат производство: сектор за дрво, стакло, украсни камења, пластика, исто така, бетон. Потоа, транспортниот сектор - имавме инвестиции во камиони; храна и пијалоци - имавме инвестиции во бисквити, нафора, текстилна индустрија, подобрување на медицинските услуги, заштита на животната средина преку разни проекти итн.

Аплицирајте денес и направете го вашиот бизнис поконкурентен на локалниот и европскиот пазар!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »