Промовирани огласи »

Програмата за поддршка на конкурентноста на мали и средните претпријатија за Северна Македонија e кредитна линија спроведена заеднички од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР и Европската унија.ЕБОР обезбедува средства за кредит, додека ЕУ обезбедува грант и бесплатна техничка помош. Целта на Програмата е да го зајакне капацитетот на малите и средни претпријатија (МСП) за пристап и соочување со конкуренцијата на пазарите во Европската Унија (ЕУ).

Програмата е дизајнирана да овозможи поддршка на имплементацијата на стандардите на ЕУ на ниво на МСП во областа на заштитата на животната средина, здравје и безбедност на вработените и квалитет и безбедност на производите.

За оваа цел Програмата - финансиски инструмент, комбинира кредитна линија од страна на ЕБОР пласирана преку локални Банки учеснички, грантови во вредност од 15% и бесплатна техничка поддршка финансирани од страна на Европската Унија.

Програмата е структурирана преку два основни пристапи.  Првиот е пристап вклучува едноставни подобни проекти до 150.000 Евра, однапред одобрена опрема за финансирање (на пример: камиони, производство и преработка на храна, индустриска помошна опрема, processing equipment, фотоволтаични панели, итн.). 

Вториот пристап е за покомплексна инвестиција: опрема, градежни активности итн. За овие под-проекти, консултантот во тесна соработка со компанијата изработува Инвестициски план (ИП).

За да аплицираат за Програмата, заинтересираните компании ќе треба да го достават пополнетиот формулар за пријавување (кој може да се преземе од веб-страницата www.web-sme-csp.com ) на една од 4-те партнерски банки: Охридска банка, Шпаркасе банка, Комерцијална банка и ПроКредит Банка.

Програмата е наменета за локалните приватни мали и средни претпријатија (според ЕУ дефиницијата), трговци поединци или друго правно лице формирано според законите на Северна Македонија, односно лица регистрирани како претприемачи или кои се занимаваат со економски активности кои работат во согласност со законите на Северна Македонија.

Речиси сите компании можат да аплицираат за заем во рамките на Програмата, во кумулативна вредност до 1 милион евра, исплатени во еден или повеќе кредити.

Бесплатни технички совети се обезбедени од меѓународни и локални експерти за проектниот објект на инвестицијата со цел да им помогнат на малите и средни претпријатија да најдат најдобро решение за исполнување на директивите на ЕУ, да станат конкурентни во нивната трговија со партнери од ЕУ и да ја зголемат својата профитабилност преку повисок квалитет на производите и услугите.

Речиси сите подобни инвестиции во Програмата вклучуваат или намалување на потрошувачката на енергија, или намалување на емисиите на гасови (GreenHouse Gases - GHG).

Во моментот, исплатeни се повеќе од 16.5 милиони евра за 75 проекти. Секторите се доста различни и покажуваат дека Програмата може да се користи од различни типови  на компании. Успешните приказни вклучуваат производство: сектор за дрво, стакло, украсни камења, пластика, исто така, бетон. Потоа, транспортниот сектор - имавме инвестиции во камиони; храна и пијалоци - имавме инвестиции во бисквити, нафора, текстилна индустрија, подобрување на медицинските услуги, заштита на животната средина преку разни проекти итн.

Аплицирајте денес и направете го вашиот бизнис поконкурентен на локалниот и европскиот пазар!

Промовирани огласи »

Во собраниска процедура се наоѓаат измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“, бр. 112/14...232/19).

Со предложените измени и дополнувања е пристапено кон реализација на едно од барањата на Стопанската комора на Македонија за допрецизирање на статусот на коморите за цели на данокот на добивка. Имено, стопанските комори согласно закон се непрофитни организации, а во досегашните одредби на Законот за данокот на добивка не беше прецизирано само дека организациите регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации не се обврзници за данок на добивка, што упатуваше на нееднаков третман на различните непрофитни организации и создаваше проблеми во практичното функционирање на истите.

Со предложените одредби во законот кој е во собраниска процедура се појаснува дека здруженијата на граѓани и фондации како и нивните сојузи и други облици на здружување или поврзување, стопанската интересна заедница, политичките партии, верските заедници, религиозните групи, македонскиот Црвен крст, здруженијата на странци, странските и меѓународните невладини организации, хуманитарните организации и здруженија, синдикатите, коморите и други правни лица кои се основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, не се обврзници за данок на добивка.

Доколку во рамките на непрофитното делување овие организации остварат приходи од вршење стопанска дејност поголеми од 1.000.000 денари, тие ќе станат обврзници за плаќање данок на вкупен приход. Во тој случај, истите ќе платат данок во висина од 1% од износот на остварените вкупни приходи од вршење стопанска дејност во календарската година, на износот кој надминува 1.000.000 денари.

Со ова решение сите непрофитни организации добиваат ист даночен третман.

Во однос на останатите решенија кои се предвидени со овој закон вредно е да се истакне дека како непризнаени расходи ќе се сметаат надоместоците на трошоците за хотелско сместување во износ над 6.000 денари дневно по лице и надоместоците на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот, доколку истите не се документирани, како и надоместокот за практикантска работа над износите пропишани согласно Законот за практикантство и надоместокот за практична обука на ученици и практична настава на студенти во износ над 8.000 денари месечно. Истото, во практика значи дека трошоците за хотелско сместување во износ до 6.000 денари дневно по лице и надоместоците на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на неговата дејност, како и надоместоците за практикантска работа до износите пропишани согласно Законот за практикантство и за практична обука на ученици и студенти во износ до 8.000 денари месечно, се признат расход за цели на данокот на добивка.

Исто така, со законот се уредува правото на даночен кредит, односно правото на намалување на даночната основа за износот на трошоците за амортизација кои во претходни периоди претставувале непризнат расход согласно примената на амортизационите стапки утврдени со номенклатурата на средствата за амортизација.

Со измените и дополнувањата на Законот се предвидува продолжување на рокот за поднесување на извештајот за трансферни цени, односно наместо даночните обврзници да имаат обврска истиот да го поднесат заедно со даночниот биланс до 28 февруари/15 март во годината, тоа да го сторат до 30 септември. Обврска до Управата за јавни приходи да доставуваат извештаи за трансферни цени немаат поврзаните лица резиденти на нашата држава за трансакциите помеѓу нив, ниту обврзниците кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ до 300.000.000 денари.

Останатите одредби од измените и дополнувањата на Законот се однесуваат на  допрецизирање на одредбите кои го уредуваат правото на даночен кредит, регулирање на обврската за плаќање на данок во случај на пренесување на ревалоризационите резерви за материјални и нематеријални средства во акумулирана добивка, како и на усогласување на прекршочните одредби со новиот закон за прекршоците.

Извор: Стопанска комора на Македонија

Промовирани огласи »

Откако дојдовме на власт затекнавме целосна запоставеност на младите и неусогласеност на пазарот на трудот со потребите, со побарувачката и понудата, особено со потребите на младите. Ние презедовме одговорност и ги менуваме работите. За само 2.5 години успеавме младинската невработеност да ја намалиме од 48% на 35%. Не сметаме дека е доволно секако, но мерките што ги презедовме даваат резултат и тоа е евидентно, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на денешната трибина Агенда Млади 20-24.

Како млада политичарка можам да кажам дека кога се креираат младински политики тие мора да обезбедат резултати не само во моментот туку и во наредните 10 до 15 години. Состојбата која ја наследивме во 2016 година беше поразителна, тоа е резултат на лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ. Свесно или несвесно се уништувале стручните насоки, се симнало нивото на високото образование, и тоа донесе поразителни резултати. Младинската невработеност изнесуваше 48.2%. Тоа нас не мотивираше да креираме и имплементираме конкретни и вистински млади политики. За две и пол години младинската невработеност ја намаливме од 48,2 отсто на 35,3 отсто, тоа е доказ дека младинските политики на СДСМ се на прав пат и дека даваат резултат. Не велиме дека сме задоволни но ова е вистинскиот начин, ова се вистинските мерки и ние продолжуваме понатаму, рече Царовска.

Трибината Агенда Млади 20-24 е дел од програмските трибини на СДСМ со експерти, претставници на невладини организации и партиски претставници за креирање на нови решенија и политики кои ќе бидат дел од новата победничка програма на партијата за изборите на 12 април.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Често слушаме за тоа како во поранешната Југославија цените на добрата, бензинот и останатите средства биле далеку помали од денес. Еден литар млеко чинел 9,9 динари, литар масло за јадење 28,6 динари, килограм компир 9,31 денар. Но колку чинел бензинот?

Според статистиката од 80-те години, во 1980 година литар бензин од 98 октани чинел 18,5 динари. Токму оваа година започнала и нафтената и економска криза во Југославија па така во наредните години цената на бензинот постојано растел. Веќе следната година еден литар бензин чинел 26,6 динари додека во 1982 година тој чинал 34,25 динари.

За подобра илустрација, со една просечна плата, во 1980 година можело да се купат 376,39 литри бензин. Во 60-те и 70-те години бензинот бил уште поевтин и тој се продавал и по цена од 5 динари за литар.

Во 1989 година на прагот на распадот на Југославија кога економијата се соочувла со хиперинфлација, цената на еден литар бензин од 98 октани изнесува 1.523.400 динари, но со тогашната просечна плата можело да се купи 501 литар бензин.

Денес во Македонија, со просечната плата од 25.726 денари може да се купат 372 литри бензин од 98 октани (пресметката е направена по цена од 69 денари од литар).

Извор: 24auto.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »