Промовирани огласи »

Често слушаме за тоа како во поранешната Југославија цените на добрата, бензинот и останатите средства биле далеку помали од денес. Еден литар млеко чинел 9,9 динари, литар масло за јадење 28,6 динари, килограм компир 9,31 денар. Но колку чинел бензинот?

Според статистиката од 80-те години, во 1980 година литар бензин од 98 октани чинел 18,5 динари. Токму оваа година започнала и нафтената и економска криза во Југославија па така во наредните години цената на бензинот постојано растел. Веќе следната година еден литар бензин чинел 26,6 динари додека во 1982 година тој чинал 34,25 динари.

За подобра илустрација, со една просечна плата, во 1980 година можело да се купат 376,39 литри бензин. Во 60-те и 70-те години бензинот бил уште поевтин и тој се продавал и по цена од 5 динари за литар.

Во 1989 година на прагот на распадот на Југославија кога економијата се соочувла со хиперинфлација, цената на еден литар бензин од 98 октани изнесува 1.523.400 динари, но со тогашната просечна плата можело да се купи 501 литар бензин.

Денес во Македонија, со просечната плата од 25.726 денари може да се купат 372 литри бензин од 98 октани (пресметката е направена по цена од 69 денари од литар).

Извор: 24auto.mk

Промовирани огласи »

За помалку од два месеци ќе биде готова втората патарина на делницата Демир Капија-Смоквица, чија изградба привршува. Најверојатно бргу потоа ќе почне и напалатата, но не се знае точно кога ќе се воведе. 

Сега на таа делница се плаќа само една патарина, која се наоѓа на крајот од тоа парче автопат кога се оди кон Грција, и која чини 100 денари, а беше воведена кон крајот август годинава.

Информацијата дека завршува изградбата на наплатната рампа денеска ја објави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, на прес конференција на која се презентираа резултати од досега сработеното на оваа институција. 

Не се знае колку ќе чини новата патарина. Се очекува да се движи межу 60 и 80 денари. 

Со сегашните патарини, трошокот за граѓаните кои возат од Скопје до Гевгелија изнесува 280 денари. 

Промовирани огласи »

Скопје и скопјани утре во 13 часот на плоштад „Македонија“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе. Додека во другите земји, на овој настан доаѓаат граѓаните по своја волја, во Скопје се врши притисок врз вработените во администрацијата јавува Курир.

До вработените во Град Скопје било испратено соопштение за овој настан, како и до вработените во сите училишта на територијата на Скопје. За да дојдат на настанот, понуден им е еден слободен ден од работа.

За оние од училиштата слободен ден ќе биде 31-ви декември, а вработените во Град Скопје се попривилигирани, па можат да си изберат кој ден го сакаат да им биде слободен.

Промовирани огласи »

Висината од 14.500 денари не само што е понижувачка, туку и самото отворање на тоа прашање е понижувачко, смета првиот човек на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Тој во утринското интервју за агенцијата МИА посочува дека регулацијата на односите од страна на државата кон приватниот сектор е лоша работа и дека приватниот сектор треба да има полна слобода во својата интенција. Потенцира дека Македонија се движи кој пазарна економија и треба да бидеме свесни дека ништо не менува дали минималната плата ќе биде 14.200 или 14.800 денари .

Годинава што изминува Азески ја оценува како нормална година, во која земјава решаваше крупни и тешки надворешно-политички прашања. 

„Моментно нашата оценка е дека нема загрозен сектор, а решавањето на крупните прашања се надеваме дека ќе остават простор за економијата“, вели Азески.

Првиот човек меѓудругото во интервјуто предупредува на ризикот бизнисот да го префрли капиталот надвор, доколку земјава не се позанимава сериозно со состојбите во правосудството.

Азески како можни дестинации каде капиталот би можел да биде изнесен ги набројува Прешево, Солун, Сандаски...

Во однос на НАТО алијансата и Европската унија, размислувањата на првиот човек на најстарото коморско здружување во земјава се дека тие и требаат на државата, но ни требаат и нови пазари, без разлика дали тоа ќе бидат Русија, Блискиот Исток, Северна Африка.

Целото интервју читајте го тука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »