КООРДИНАТОР ЗА НАСТАНИ И БТЛ АКТИВНОСТИ

За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »

Скопје Ист Гејт (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на маркетинг одделот на East Gate Mall, објавуваме оглас за

 

КООРДИНАТОР ЗА НАСТАНИ И БТЛ АКТИВНОСТИ

 

Одговорности и работни задачи:

  • Врши координирање и спроведување на сите сезонски маркетинг кампањи;
  • Ги организира и координира настаните во трговскиот центар;
  • Одговорен е за целокупното менаџирање и организирање на специјалните настани кои се оддржуваат во трговскиот центар;
  • Врши планирање, организирање, координирање и контролирање на сите footfall настани во трговскиот центар за зголемување на посетеноста како спонзорирани евенти, изложби и саеми итн;
  • Координира BTL, ATL активности со маркетинг агенциите со цел добивање на соодветни креативни, комуникациски и медиумски стратегии;
  • Учествува во следењето на ефектите од спроведените кампањи;
  • Учествува во креирање и имплементација на стратегии за промоција на компанијата;
  • Изготвува и поднесува извештај до менаџментот и раководството во врска со спроведените настани;
  • Врши анализа на добиените податоци и давa насоки за дејствување;
  • Врши анализа на бројките за посетеност како и на демографската слика за посетителите во трговскиот центар и доставува извештај до менаџментот на редовна основа;
  • Соработува со Маркетинг Менаџерот и дејствува според дадените насоки;
  • Ги почитува и учествува во доразработка на интерните и групациските правила и процедури за одделот Маркетинг;

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • ВСС од областа на маркетинг, комуникација, бизнис, е-бизнис, економија или друга поврзана област
  • Минимум 2 години искуство во корпоративен маркетинг оддел, организација на настани или маркетинг агенција
  • Искуство во управување со проекти
  • Силни комуникациски и интерперсонални вештини
  • Способност за планирање, преговарање и координација на симултани таскови
  • Способност за работа под притисок и пресретнување рокови
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сакате заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 07.05.2024.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »