Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 25 декември, среда, првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.

Во продолжение прочитајте ја и целата програма на неработни денови за 2020 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се. За сите граѓани на РМ:

• 01 јануари (среда), Нова Година, • 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 01 мај (петок), Ден на трудот, • 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден. • 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден. • 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден. • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден. • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, • 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед • 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци, • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед • 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (понеделник), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за денар е повисока цената на Еуросупер БС-98, Еуродизелот (D-E V) и на Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, 70 денари на Еуросупер БС 98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-ЕV), а на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,5 денари.

а 1,932 денари по килограм поскапува мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе се продава по цена од 37,339 денари за килограм.

Зголемувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 2,25 проценти.

РКЕ ја донесе новата цена на горивата врз основа на цените на нафтените деривари на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Промовирани огласи »

Пластичните кеси за пазарење во маркетите и шопинг-центрите од 2021 ќе чинат најмалку 10 денари од 2021. Ова денеска го најави Асоцијацијата. за управување со отпад а промената ќе следува по усвојување на новиот Закон за управување со отпад.

Според исото решение, минималната црна за пластична кеса ќе биде 10 денари, а маркетите, односно малопродажбата нема да може сама да си ги плаќа, односно да ги продава по најмалку 2 денари или да ги нуди бесплатно.

Целта на законот е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси, а граѓаните и фирмите ќе имаат рок од една година да се прилагодат и полека да почнат да ги исфрлаат од употреба.

Промовирани огласи »

Киев, 23 декември 2019 (МИА) – Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Северна Македонија, објави денеска на Twitter државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац.

Стартот на безвизниот режим со Северна Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи, наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Северна Македонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.

Украинската Влада на 21 август го одобри Договорот со земјава за условите за укинување на визниот режим со земјава. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт безвизен режим.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »