Промовирани огласи »

По повод претстојните новогодишни празници, утре отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) ќе работат до 15 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот. Сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието на 1 јануари ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Како што соопшти ПОЦ, редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник) и 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8 јануари (среда) со вообичаено работно време.

Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ на сите граѓани им посакува убави новогодишни и божиќни празници, се додава во соопштението.

Промовирани огласи »

На Google објавена е Мапа со угостителски објекти во Скопје и во Македонија во кои не се пуши или има непушачки дел (физички одвоен од пушачкиот). Листата не е целосна и може да се надополнува.

Идејата потекна од идеја на Твитер. 

„Да ги лоцираме сите локали во градов и во земјава во кои не се пуши, и да ги направиме популарни. Многу од нив веќе се, ама не е лошо да потсетиме зошто се подобри од другите. Нека оди со хаштаг #SmokingFreeZoneInMKD“, стои во повикот а Твитер.

Мапата можете да ја видите овде. 

Промовирани огласи »

По повод празниците кои ни престојат, пред да тргнете надвор од Македонија, добро проверете си ги пасошите.

Иако стапи во сила во 2007 година, дури од пред три години Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа. Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра.

Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за тие што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако не се плати во рок од осум дена, прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.

Промовирани огласи »

Центарот за граѓански комуникации во својот полугодишен извештај за периодот од 1 јануари до 30 јуни забележува дека, поради различните толкувања на Законот во мониторираните тендерим туристичките агенции можеле да да конкурираат за набавка на авионски карти и по цена од 0,01 денар.

Трите институции чии постапки се следеле постапиле дијаметрално различно, наспроти пристапот на понудувачите кои најчесто постапуваат исто и провизијата за авионските карти ја позиционираат на 0,01 денар. Притоа, туристичките агенции, на побараните образложенија за ниската цена, одговараат дека тие воопшто не наплаќаат за својата услуга поради тоа што имаат други бенефиции што ги добиваат преку продажба на што поголем број карти. Но, клучното прашање е како постапуваат институциите. 

Првата мониторирана постапка беше за набавка на авионски карти во вредност од 2 милиони денари без ДДВ, од страна на институција од областа на културата. Две од петте агенции понудиле цена од 0,01, што било причина за поништување на тендерот од страна на договорниот орган со образложение дека: Комисијата не можела во целост и со сигурност да утврди правилна евалуација на понудите при евентуално прифаќање на таквите понуди од 0,01 денар како валидни. 

Во вториот мониториран тендер за авиокарти, вредноста на набавката исто така изнесуваше 2 милиони денари без ДДВ и го спроведуваше научна институција. Во овој тендер, во 5 од добиените 7 понуди авио-картите се нуделе со провизија од само 0,01 денар. Но, овде е избрана една туристичка агенција со која е склучен договорот. Со оглед на истата цена од 0,01 денар, изборот на агенцијата е направен според времето на добивање на понудите. Во одлуката за избор на најповолна понуда се вели: Комисијата за јавни набавки направи рангирање според времето на поднесување на понудите на електронскиот систем за јавни набавки и на основа на тоа даде предлог за избор на најповолна понуда. Во 10 документацијата добиена од овој договорен орган не можеше да се утврди точното време на добивање на прворангираната понуда. Но, во секој случај, ваквото постапување отвора можност за манипулација, со тоа што на посакуваниот понудувач ќе му се најави времето на објавување на огласот за јавна набавка. 

Во третиот мониториран тендер за набавка на авионски карти во вредност од 1 милиони денари и спроведен од образовна институција е применет сосема различен пристап од претходните два. Имено, објавен е оглас за склучување рамковна спогодба со сите економски оператори кои ги исполнуваат условите за способност и за квалитативен избор. Во овој случај добиени се 8 понуди, склучен е договор со 5 од нив, меѓу кои и со агенциите кои нудат 0,01 денар. Но, овде е клучно тоа што поединечните договори ќе се доделуваат со повторно прибирање понуди, при што критериум за избор ќе биде економски најповолната понуда, која значи најниска цена на понудените авиобилети кога ќе се знае дестинацијата и нивниот број. Дури тогаш, доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата. Третиот применет модел се чини дека е и единствениот правилен. 

Имено, во првиот случај тендерот не е склучен, а во вториот случај провизијата изнесува 0,01 денар, но тоа секако не е гаранција за ниска и поволна цена во време кога ќе се побараат картите за конкретните дестинации. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »