Промовирани огласи »

Викендов повеќе од 50-тина возила на македонски државјани биле вратени од страна на српската полиција на граничниот премин Мердаре помеѓу Косово и Србија, пишува Слободен печат.

Причината за ваквата реакција на полициските службеници била тоа што тие не го признавале печатот на косовската полиција во пасошите на нашите државјани, па на патниците кои сакале да го минат преминот им велеле дека не може да влезат со патна исправа. Влез им бил дозволен само со лична карта, но поради тоа што повеќето за децата немале никаков друг докумет, освен пасош, морале да се вратат и да влезат во Србија преку Табановце.

По новиот автопат преку Косово стигнавме многу брзо до граничниот премин Мердаре каде имаше 1,5 километри колона. По четири часа чекање, од косовска страна те пуштаат во ред, ама српскиот граничар вика мора да ве вратиме зошто ова не е граничен премин туку контролен пункт. Службеникот рече може да ве пуштиме вас со лични карти, ама децата немаат лични карти. Во пасош не може да ви удриме печат на контролен пункт. Значи за косовска полиција е граница за српска не е, а тоа е под еден кров „Оне стоп“ – вели една револтирана читателка на Слободен печат.

Таа додава дека по четири часа чекање, на крај морале да се вратат и преку Табановце да го продолжат своето патување.

Целиот текст прочитајте го на Слободен печат ТУКА.

Промовирани огласи »

Љубовта, чистината и смирението на децата нека биде нашиот пример во животот како можеме да живееме во подобра општество без никакви поделби и разлики. Ова беше главната порака која вчера беше упатена на 14-тиот по ред Божикен ручек во Прилеп, во организација на детската амбасада „За сите деца во светот“ на кој се собраа 500 деца од цела Македонија од различни целни групи и религии.

„Никој не можеме да се обединиме така како што тие се обединуваат и како што тие ни праќаат порака како треба да се обединиме, без оглед на возраст, без оглед на потеклото, без оглед на врата, сите како едно се чувствуваат. Дајте на нив да се огледаме“, истакна Владика Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски, пренесува Сител. 

Токму поради ова, според Владиката Петар кој го благослови ручекот, требало да се воведе веронаука во училиштата преку која ќе се постигнела духовната обнова на народот.

„Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“, додаде Митрополитот Петар.

Како и секоја година овој ручек е под мотото „Едно небо за сите деца“.

„Под мотото „Едно небо за сите деца“ произлегува и пораката да нема насилство меѓу децата, да има толеранција, љубов и разбирање“, кажа Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на детската амабасада „За сите деца во светот“.

Децата кои учествуваа беа пресреќни што дел од еден ваков настан.

„Овде многу ми се допаѓа и сакам на сите што веруваат во Господ и сите што се христијани да им го честитам празникот“, вели едно од присутните деца

„Јас сум од Скопје, тука сме собрани за да се дружиме“, даде друго дете.

„Моите желби се сите да бидат здрави и живи оваа година“,истакна едно негово другарче.

И годинава покрај добитникот на „Орденот за носител на мирот“ се додели и плакетата за „За пријател на децата“.

Промовирани огласи »

Од денеска поскапува цената на паркингот на паркиралиштата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ за 20 денари за еден час. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Центар минатата недела и „за“ гласаа сите советници.

Со новиот ценовник, за паркинг на паркиралиштата на ПОЦ ќе се плаќа 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната. Од Општина Центар оправдувањето за ваквото покачување на цената беше дека треба да им се овозможи похумано живеење на жителите на општината, со тоа што би се намалил бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.

Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.

Промовирани огласи »

Финците важат за најсреќен народ во светот. 

Тие строго се придржуваат кон циркуларната економија, така што тие се во можност да ги искористат сите ресурси што се достапни на општеството, со минимално количество на отпад. Дури 99. проценти од градскиот отпад се рециклира или се претвора во енергија. Тие рециклираат дури 9. од 10. пластични шишиња, а истото важи и за стаклено пакување, каде процентот на рециклирање е уште поголем.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »