Промовирани огласи »

Од денеска поскапува цената на паркингот на паркиралиштата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ за 20 денари за еден час. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Центар минатата недела и „за“ гласаа сите советници.

Со новиот ценовник, за паркинг на паркиралиштата на ПОЦ ќе се плаќа 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната. Од Општина Центар оправдувањето за ваквото покачување на цената беше дека треба да им се овозможи похумано живеење на жителите на општината, со тоа што би се намалил бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.

Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.

Промовирани огласи »

Финците важат за најсреќен народ во светот. 

Тие строго се придржуваат кон циркуларната економија, така што тие се во можност да ги искористат сите ресурси што се достапни на општеството, со минимално количество на отпад. Дури 99. проценти од градскиот отпад се рециклира или се претвора во енергија. Тие рециклираат дури 9. од 10. пластични шишиња, а истото важи и за стаклено пакување, каде процентот на рециклирање е уште поголем.

Промовирани огласи »

Швајцарците  се најбогати во Европа, а потоа следуваат граѓаните на Исланд, Луксембург, додека зад нив се Белгија, Франција и Ирска.

Германија вкупно е најголемата европска економија, но по просечното богатство од 35,3 илјади долари по возрасно лице се наоѓа поблизу до средината отколку до врвот на листата. 

Каков е контрастот меѓу Западот и Истокот може да се види од примерот на Украина која има само 1,2 илјади долари по возрасно лице, што е на ранг со многу африкански замји.

Мапата ја изработи порталот Хаумач повикувајќи се на податоци од швајцарската финансиска група Креди Свис.

Промовирани огласи »

Финска ќе воведе работна недела од четири дена и работно време од шест часа на ден. 

Новата финска премиерка Сана Марин повика да се воведе флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена неделно и шест работни часа дневно.

„Верувам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, со своите хобија и со други аспекти на животот, како што е културата. Ова може да биде нашиот следен чекор во работниот живот“, вели таа. 

Сега вообичаената работна недела во Финска се состои од осум часа дневно, пет дена во неделата.

Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.

Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »