Промовирани огласи »

Швајцарците  се најбогати во Европа, а потоа следуваат граѓаните на Исланд, Луксембург, додека зад нив се Белгија, Франција и Ирска.

Германија вкупно е најголемата европска економија, но по просечното богатство од 35,3 илјади долари по возрасно лице се наоѓа поблизу до средината отколку до врвот на листата. 

Каков е контрастот меѓу Западот и Истокот може да се види од примерот на Украина која има само 1,2 илјади долари по возрасно лице, што е на ранг со многу африкански замји.

Мапата ја изработи порталот Хаумач повикувајќи се на податоци од швајцарската финансиска група Креди Свис.

Промовирани огласи »

Финска ќе воведе работна недела од четири дена и работно време од шест часа на ден. 

Новата финска премиерка Сана Марин повика да се воведе флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена неделно и шест работни часа дневно.

„Верувам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, со своите хобија и со други аспекти на животот, како што е културата. Ова може да биде нашиот следен чекор во работниот живот“, вели таа. 

Сега вообичаената работна недела во Финска се состои од осум часа дневно, пет дена во неделата.

Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.

Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.

Промовирани огласи »

Измените и дополнувањата на одлуката за општински ред кои беа усвоени од страна на властите во Загреб предвидуваат рестриктивни мерки за велосипедите кои се поставени надвор од определените зони.

Оваа одлука превидува сите превозни средства од овој тип кои се оставени на јавни површини да бидат отстранети и депонирани на посебно означени места.

За прекршителите на законот градските власти во Загреб превиделе казна која се движи од 700 до 1000 куни или околу 100 евра. Доколку сопственикот не го подигне велосипедот во рок од 30 дена, истиот ќе се смета за напуштена.

Здруженијата на велосипедисти реагираа дека градот располага со мал број на паркинг места за велосипеди и дека отрстранувањето на велосипедот може да предизвика негово оштетување. Дополнително, тие тврдат дека ваквите мерки се против заложбите за поголема мобилност и ќе влијаат демотивирачки врз велосипедите.

Промовирани огласи »

Нина Ангеловска, министерката за финансии, вели дека последните одлуки за зголемувањата на платите во јавниот сектор и на пензиите не се популистички мерки кои се прават предизборно.

СДСМ кога беше во опозиција овие мерки, односно зголемувањето на платите на пензиите ги карактеризираше како чист популизам. Социјалдемократскиот сојуз  како левичарска партија тврдеше дека слични мерки само купуваат гласови. За дел од овие мерки свои забелешки имаа и ММФ и Светската банка.

Има повеќе причини за одливот на мозоци од земјата, но една од најважните е економската, односно си одат поради ниските плати. Она што на краток рок може да се понуди е токму повисоки плати. Факт е дека имаме одлив на лекари, на медицински сестри, не само од јавното во приватното здравство, туку си заминуваат и од земјава. Второ, колку од квалитетните студенти се мотивирани да работат во просвета, знаејќи ги платите?

Ако сакаме да ги понудиме најдобрите здравствени услуги на граѓаните, треба најдобрите лекари и медицински персонал да ги задржиме во јавните здравствени установи. Да, треба, и се вложува во современа медецинска апаратура, но таа ќе биде бескорисна ако немаме квалитетни кадри кои ќе работат со неа. Ова е дејност која целосно зависи од човечкиот фактор. Истото е со образованието. Ако немате квалитетни кадри кои ќе бидат мотивирани да го пренесат знаењето на децата, нема да имате резултати во образованието, вели Ангеловска.

Министерката тврди дека владеачката гарнитура не ги покачувала платите само предизборно, односно кога треба да се гласа, туку тоа, според Ангеловска, се прави секоја година.

Понатаму, не би се сложила дека сега прв пат предизборно се покачуваат платите, тие се покачуваат повеќе пати од 2018 година. Со покачувањето на платите на лекарите од февруари 2020 година, последниве три години платата на лекар специјалист е покачена за околу 40 отсто. Само годинешното покачување на платата на лекар специјалист е 25 проценти, на општите лекари 15 отсто, а 10 проценти за медецинските сестри. Од јануари за 10 отсто се покачуваат и платите во образованието, со што кумулативното покачување на платите изнесува 20,6 проценти со претходните покачувања. На крај, да сумирам и конкретно да одговорам на вашето прашање – дали јас сметам дека овие мерки се популизам? Не, популистички работи се оние кои се во насока на купување на моменталното задоволство на граѓаните и кои немаат никакви или имаат негативни ефекти во иднината. Напротив, мерките кои ги преземаме за вложување во човечки капитал се во насока на поставување на работите на здрави фундаменти, за да идните генерации во оваа земја живеат подобро, тврди Ангеловска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »