Промовирани огласи »

Норвешката “DNB Bankas” во 2013 година започна рекламна кампања со светската филмска ѕвезда Џорџ Клуни: “Некои луѓе се среќни во животот, за останатите паметно е да штедиме!”.

За да започнете да штедите е исто како да започнете да вежбате – многу од нас се обидуваат да најдат добар изговор на самиот почеток. Ние веруваме дека со закрепнување на економијата, намалување на стапката на невработеност и реално зголемување на платите доаѓа вистинското време да се започне заштеда – и уште поважно, да се штеди на редовна основа – изјави директорот на дирекцијата за продажба во “DNB Bankas”.

Во Норвешка телевизиската реклама со Џорџ Клуни набрзо стана YouTube-хит со 1 милион прегледи за само неколку недели. Денес, повеќе од 4,5 милиони ја имаат погледнато рекламата на YouTube. Во истата година кога е објавена рекламата депозитното портфолио на “DNB Bankas” пораснало за 14,3 проценти.

Промовирани огласи »

Новата банкнота од 50 евра со подобрени безбедносни карактеристи од 4-ти април ќе биде пуштена во оптек.

Во првиот круг ќе бидат пуштени вкупно 5,4 милијарди евра од оваа банкнота.

Новата банкнота, со портрет од божицата на Европа, лик од грчката митологија, има унапредени безбедносни карактеристики со цел да се отежне фалсификувањето и прозорец кој станува транспарентен кога ќе се заврти на светлина, пренесува агенцијата Ројтерс.

Освен тоа, заштитното обележје на банконотите е и смарагдната бројка, која, кога ќе се заврти банкнотата ја менува бојата од смарагднозелена во темносина.

Ова е четвртата банкнота која доживува промена од воведувањето на единстваната валута во ЕУ во 2002 година, откако изгледот го променија банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

Европската централна банка во мај 2013 година ја замени банкнотата од пет евра, во септември 2014 година апоенот од 10 евра и во ноември 2015 година банкнотата од 20 евра.

Апоенот од 50 евра е најчесто употребуван од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во оптек се апоени од 50 евра, што е 45 проценти од вкупните апоени во оптек.

Промовирани огласи »

Huawei од главната промоција го изостави Lite моделот на премиум смартфонот P10, но сега конечно стигнува и официјалната потврда дека уредот наскоро ќе биде пуштен во продажба, а на повеќе онлајн продавници веќе е достапен за нарачка.

Huawei P10 Lite располага со 5.2 инчен IPS екран со HD 1080p резолуција, 12 мегапикселна главна камера со f/2.2 апаратура, осум мегапикселна предна камера за селфи и видео повици и ја користи новата верзија на Android 7.0 Nougat оперативен систем.

P10 Lite работи со осум-јадрен HiSilicon Kirin 658 процесор, Mali-T830MP2 GPU, 4 GB RAM, 32 GB основна меморија, 4G LTE конекција, има батерија со капацитет од 3000 mAh, а ќе чини околу 350 евра со тоа што достапен ќе биде од 31 март.

Промовирани огласи »

Некои од водечките градови во светот се соочуваат со сообраќајниот метеж и доцнење на возовите, додека другите се точни како часовници.

Во Анкетата за 2017-та за квалитетот на живеење од консултантската компанија „Мерсер“, објавена минатата недела, градовите се рангираат меѓу другото и според квалитетот на нивната јавна инфраструктура.

Рангирањето е врз основа на јавниот превоз, сообраќајниот метеж, и спектарот на меѓународни летови од локалните аеродроми, снабдувањето со електрична енергија, достапноста на водата, телефоните и поштенски услуги.

Погледнете кои се градовите со најдобра инфраструктура и погледот на тоа како јавниот превоз работи на различни локации низ светот:

19. Стокхолм, Шведска – Шведскиот град има подземна железница, како и голема мрежа на еко-пријателски автобуси. Подземниот Стокхолм е познат како „Најдолгата уметничка галерија во светот“, затоа што многу од нејзините станици имаат големи јавни уметнички инсталации.

19. Осло, Норвешка – Целиот јавен транспорт во Осло е дел од ист ценовен систем. Билетот важи за автобуси, трамваи, метрото, и фериброди во норвешкиот главен град.

19. Хелсинки, Финска – Како Осло, така и во Хелсинки еден билет е валиден во градот за трамваи, автобуси, метро и траект.

17. Виена, Австрија – Австрискиот главен град има добро познат јавен транспортен систем. Еден билет овозможува пристап до метрото, трамваите, локалните возови и автобуси. Виена работи на системот за чесност, што значи дека не постојат бариери за билетите или формални проверки.

17. Торонто, Канада – Торонто го има третиот по големина јавен транспортен систем во Северна Америка по Њујорк и Мексико Сити. Историската железничка станица „Унија“ е центарот на транспортната мрежа на Торонто.

16. Далас, Тексас, САД – Овој град во Тексас се сервира од „Dallas Area Rapid Transit“ системот. „DART“ (стрела) вклучува автобуси, лесна железница и трамвај услуги.

14. Монтреал, Канада – Монтреал има ефикасен метро транзитен систем, што е најдобар начин за движење во и околу градот.

14. Атланта, Џорџија, САД – Атланта ги користи услугите на „Марта“, брзо и ефикасно транзитен железнички систем во градот. Стартува од аеродромот во градот.

13. Париз, Франција – Париз има голема фреквенција во метро услугата, која има 16 линии што минуваат низ градот.

12. Јокохама, Јапонија – Вториот најнаселен град во Јапонија има добри врски со главниот град, Токио, како и мрежата на метрото и фериброд линковите.

11. Цирих, Швајцарија – Многу жители на швајцарскиот главен град избираат пеш да одат околу градот, а исто така има и автобуси, трамваи и возови, кои се движат од аеродромот.

10. Ванкувер, Канада – Градот се сервисира од страна на широк спектар на јавниот транспорт, вклучувајќи ги и јавните автобуси, брзата услуга на метрото, и крос-пристаниште за фериброди.

9. Хамбург, Германија – Како и во многу градови во Германија, јавниот транспорт во Хамбург е толку добар за тоа што се добива. Билетот им овозможува на корисниците пристап до мрежата „HVV“, кој ги опфаќа подземните, надземните, автобусите, возовите и фериброд услугите.

8. Сиднеј, Австралија – Системот за јавен превоз на Сиднеј има голема мрежа на возови, автобуси, и фериброд услуги, како и брзи линии за поврзување со аеродромот.

7. Лондон, Велика Британија – Лондон е светски познат по подземното метро низ целиот град, а транспортот е надополнет со голем возен парк од познатите црвени автобуси во главниот град.

6. Хонг Конг – Автономната територија има одлична јавна инфраструктура. Јавниот транспорт во Хонг Конг е меѓу најдобрите во светот. Автобуските линии покриваат најголем дел од областа, и таму се чести ферибродите меѓу островите кои ја сочинуваат територија. Исто така постојат и возови кон Кина и високо ефикасни подземни услуги.

5. Дизелдорф, Германија – Диселдорф е еден од трите германски градови во топ 5 места. Јавниот превоз кој ги вклучува автобусите, трамваите и метрото – се брзи, ефикасни и евтини.

4. Копенхаген, Данска – Јавниот транспорт во главниот град на Данска е сигурен и евтин. Еден билет има пристап до автобусите на вода, возовите и метрото.

3. Минхен, Германија – Минхен е вториот германски град кој се наоѓа во првите пет. Како Копенхаген, еден билет на корисниците им дава пристап до целата јавна транспортна мрежа, која вклучува „U-Bahn“ (подземна), „S-Bahn“ (приградски возови), трамваи и автобуси.

2. Франкфурт, Германија – Нема пречки во јавниот систем за превоз во Франкфурт, а како и Минхен, вклучува „U-Bahn“, „S-Bahn“ и трамвајска мрежа.

1. Сингапур – Сингапур е светски познат по многу ефикасниот и супер-брзиот јавен превоз. Жителите масивно го користи системот за брз воз (МRТ). „МRТ“ има 106 станици и е вториот најстар метро систем во југо-источна Азија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »