Промовирани огласи »

Некои од водечките градови во светот се соочуваат со сообраќајниот метеж и доцнење на возовите, додека другите се точни како часовници.

Во Анкетата за 2017-та за квалитетот на живеење од консултантската компанија „Мерсер“, објавена минатата недела, градовите се рангираат меѓу другото и според квалитетот на нивната јавна инфраструктура.

Рангирањето е врз основа на јавниот превоз, сообраќајниот метеж, и спектарот на меѓународни летови од локалните аеродроми, снабдувањето со електрична енергија, достапноста на водата, телефоните и поштенски услуги.

Погледнете кои се градовите со најдобра инфраструктура и погледот на тоа како јавниот превоз работи на различни локации низ светот:

19. Стокхолм, Шведска – Шведскиот град има подземна железница, како и голема мрежа на еко-пријателски автобуси. Подземниот Стокхолм е познат како „Најдолгата уметничка галерија во светот“, затоа што многу од нејзините станици имаат големи јавни уметнички инсталации.

19. Осло, Норвешка – Целиот јавен транспорт во Осло е дел од ист ценовен систем. Билетот важи за автобуси, трамваи, метрото, и фериброди во норвешкиот главен град.

19. Хелсинки, Финска – Како Осло, така и во Хелсинки еден билет е валиден во градот за трамваи, автобуси, метро и траект.

17. Виена, Австрија – Австрискиот главен град има добро познат јавен транспортен систем. Еден билет овозможува пристап до метрото, трамваите, локалните возови и автобуси. Виена работи на системот за чесност, што значи дека не постојат бариери за билетите или формални проверки.

17. Торонто, Канада – Торонто го има третиот по големина јавен транспортен систем во Северна Америка по Њујорк и Мексико Сити. Историската железничка станица „Унија“ е центарот на транспортната мрежа на Торонто.

16. Далас, Тексас, САД – Овој град во Тексас се сервира од „Dallas Area Rapid Transit“ системот. „DART“ (стрела) вклучува автобуси, лесна железница и трамвај услуги.

14. Монтреал, Канада – Монтреал има ефикасен метро транзитен систем, што е најдобар начин за движење во и околу градот.

14. Атланта, Џорџија, САД – Атланта ги користи услугите на „Марта“, брзо и ефикасно транзитен железнички систем во градот. Стартува од аеродромот во градот.

13. Париз, Франција – Париз има голема фреквенција во метро услугата, која има 16 линии што минуваат низ градот.

12. Јокохама, Јапонија – Вториот најнаселен град во Јапонија има добри врски со главниот град, Токио, како и мрежата на метрото и фериброд линковите.

11. Цирих, Швајцарија – Многу жители на швајцарскиот главен град избираат пеш да одат околу градот, а исто така има и автобуси, трамваи и возови, кои се движат од аеродромот.

10. Ванкувер, Канада – Градот се сервисира од страна на широк спектар на јавниот транспорт, вклучувајќи ги и јавните автобуси, брзата услуга на метрото, и крос-пристаниште за фериброди.

9. Хамбург, Германија – Како и во многу градови во Германија, јавниот транспорт во Хамбург е толку добар за тоа што се добива. Билетот им овозможува на корисниците пристап до мрежата „HVV“, кој ги опфаќа подземните, надземните, автобусите, возовите и фериброд услугите.

8. Сиднеј, Австралија – Системот за јавен превоз на Сиднеј има голема мрежа на возови, автобуси, и фериброд услуги, како и брзи линии за поврзување со аеродромот.

7. Лондон, Велика Британија – Лондон е светски познат по подземното метро низ целиот град, а транспортот е надополнет со голем возен парк од познатите црвени автобуси во главниот град.

6. Хонг Конг – Автономната територија има одлична јавна инфраструктура. Јавниот транспорт во Хонг Конг е меѓу најдобрите во светот. Автобуските линии покриваат најголем дел од областа, и таму се чести ферибродите меѓу островите кои ја сочинуваат територија. Исто така постојат и возови кон Кина и високо ефикасни подземни услуги.

5. Дизелдорф, Германија – Диселдорф е еден од трите германски градови во топ 5 места. Јавниот превоз кој ги вклучува автобусите, трамваите и метрото – се брзи, ефикасни и евтини.

4. Копенхаген, Данска – Јавниот транспорт во главниот град на Данска е сигурен и евтин. Еден билет има пристап до автобусите на вода, возовите и метрото.

3. Минхен, Германија – Минхен е вториот германски град кој се наоѓа во првите пет. Како Копенхаген, еден билет на корисниците им дава пристап до целата јавна транспортна мрежа, која вклучува „U-Bahn“ (подземна), „S-Bahn“ (приградски возови), трамваи и автобуси.

2. Франкфурт, Германија – Нема пречки во јавниот систем за превоз во Франкфурт, а како и Минхен, вклучува „U-Bahn“, „S-Bahn“ и трамвајска мрежа.

1. Сингапур – Сингапур е светски познат по многу ефикасниот и супер-брзиот јавен превоз. Жителите масивно го користи системот за брз воз (МRТ). „МRТ“ има 106 станици и е вториот најстар метро систем во југо-источна Азија.

Промовирани огласи »

Ова го истакнува во интервју за МИА Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на Агенцијата МАРИЛИ, која годинава го организира 21-от избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки за 2016 година.

Жените во Македонија најчесто менаџираат со мали и средни преторијатија. Доминираат на менаџерски позиции во услужните дејности, во областа на финансиите, медицината, ИТ секторот, модниот дизајн, но ги има и во градежништвото. За да биде на многу висока менаџерска позиција особено во големи компании треба да е апсолутно комплетна личност и да има многу квалитети.

Ова го истакнува во интервју за МИА Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на Агенцијата МАРИЛИ, која годинава го организира 21-от избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки за 2016 година.

Имаме се повеќе млади жени менаџери кои доаѓаат од семејните бизниси кои се веројатно базата на новото женско менаџерство. Но, имаме и други млади обрзовани жени кои имаат поголема самопочит, самодоверба, самосвесност и со тоа се покажува дека на жената и се отворени вратите во бизнисот и тоа треба да ни влее надеж на сите нас особено на младата женска популација која е едуцирана дека може да успее, вели Трипуноска.

Додава дека она што е специфика на овие простори и треба да се почитува е што жената сака да биде и семејно реализирана, сака да им се посвети на децата.

Мислам дека го кренавме нивото на перцепција за жената во нашето општество, за жената во бизнисот и продолжуваме во таа насока. Сепак, таа традиција и прогласувањето на досега 210 најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената, дека таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето, да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, вели Трипуноска.

За управување со големите компании, таа потенцира дека менаџерските позиции се подеднакво вреднувани независно дали се мажи и жени, но посочува дека се уште постои тренд за да ја добие жената позицијата треба да биде поспособна од своите колеги.

Ако треба да изберат помеѓу маж и жена за една иста позиција ќе ја изберат жената само ако е неколкупати подобра во секој поглед од мажот. Значи, тоа е разликата. Исто е платена. Имаме нерамноправност како ја вреднуваат високоспособната жена менаџер. Можеби средствата ги примаат еднакво меѓута таа мора повеќе да вреди, вели Трипуноска.

Годинава во конкуренција биле 40-тина менаџерки, а избрани се најуспешните 10, во секторите каде менаџираат жените нема промени.

Во финансиите жените ги има многу што зборува дека прво има многу образован кадар во таа област. Второ, жените се однесуваат многу домаќински и им се доделуваат овие сектори. Она што исто така се забележува последниве години е медицината. Значи, имаме доста приватни ординации и таму имаме успешни жени, ИТ секторот ни профелира, модниот дизајн, исто така, градежништвото што е една тешка дејност. Тоа се некои професии што доминираат и успешно опстојуваат на нашиот пазар, а веројатно така се развиваат и во европските простори, наведува во интервјуто генералната менаџерка на МАРИЛИ.

Промовирани огласи »

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска вчера го презентираше вториот годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016 година.

Податоците за првпат се презентирани на начин кој обезбедува транспарентен приказ за обемот и структурата на јавниот сектор во државата, со што се добива прецизна слика за состојбите и трендовите во јавната администрација.

Во јавниот сектор на Република Македонија активни се 1.291 институции, во кои работен однос имаат засновано 129.653 лица. Од нив 19.342 лица се вработени во Армијата на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи и органите во негов состав со статус на овластени службени лица за кои во Регистарот се водат податоци само за бројот, но не и за нивната структура.

Така, во Извештајот е направена анализа на структурата на податоци за 110.311 вработени во јавниот сектор, од кои жени се 59.111, додека мажи се 51.200.

Просечната возраст на овие вработени изнесува 45,43 години, кај жените просекот е 44,72 години, додека кај мажите 46,25 години.

Најмлади се 9 вработени, на возраст од 19 години, а највозрасни се 21 вработен на возраст од 67 години.

Од сите вработени, 485 се без образование, 270 се полуквалификувани, 412 се квалификувани, 9.236 се со основно образование, 36.310 се со средно образование, 4.883 се висококвалификувани, 6.515 се со вишо образование, 48.322 се со високо образование, 2.107 се магистри, а 1.771 се доктори на науки.

Во однос на етничката структура, 82.900 се Македонци, 21.279 се Албанци, 1.781 се Турци, 1.272 се Срби, 1.215 се Роми, 479 се Бошњаци, 478 се Власи, а 907 се други или не се изјасниле.

Оваа година имавме намера да излеземе со сериозна анализа за обемот и структурата на јавниот сектор, со тоа што направивме анализа и на организацијата на државата. Притоа беа класифицирани и институциите според основач, дејност, тип, големина, но и обем и структура на вработените по дејности, односно пол, возраст, образование и етничка структура, рече Арсовска Томовска.

МИОА оваа година за првпат изработи и публикација во 30 примероци, која им беше дистрибуирана на новинарите, а за пошироката јавност е достапна онлајн, на интернет страницата на Министерството .

Публикацијата е изработена врз основа на податоците во Информациониот систем за управување со човечки ресурси, како и податоците од повеќе државни институции кои помагаат за редовно следење, проверка и ажурирање на податоците во системот. Свој придонес дадоа и Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за финансии.

Промовирани огласи »

Долго се веруваше дека убавите луѓе заработуваат повеќе од оние со просечен изглед, но студијата од Лондонската школа за економија и Универзитетот во Масачусетс, тврди поинаку.

Убавината нема влијание на платата, истакнуваат научниците кои заклучуваат дека најмногу заработуваат здравите, интелигентните, екстровертните и совесните поединци. Исто така, повеќе се ценат оние кои помалку се невротични.

Истражувањето покажува дека и потеклото влијае на заработката. Па така луѓето кои имаат сиромашно потекло помалку заработуваат затоа што не се склони да побараат зголемување на платата, имаат помал пристап до работни места, самите себе си, се саботираат и ги исклучуваат можностите за напредување затоа што се плашат дека нема да се вклопат.

Како што предупредуваат научниците, дискриминацијата, дали случајна или намерна, врз основа на критериумите кои не се поврзани со продуктивноста, ја намалува ефикасноста на организацијата и на долг рок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »