Некои од водечките градови во светот се соочуваат со сообраќајниот метеж и доцнење на возовите, додека другите се точни како часовници.
Во Анкетата за 2017-та за квалитетот на живеење од консултантската компанија „Мерсер“, објавена минатата недела, градовите се рангираат меѓу другото и според квалитетот на нивната јавна инфраструктура.
Рангирањето е врз основа на јавниот превоз, сообраќајниот метеж, и спектарот на меѓународни летови од локалните аеродроми, снабдувањето со електрична енергија, достапноста на водата, телефоните и поштенски услуги.
Погледнете кои се градовите со најдобра инфраструктура и погледот на тоа како јавниот превоз работи на различни локации низ светот:
19. Стокхолм, Шведска – Шведскиот град има подземна железница, како и голема мрежа на еко-пријателски автобуси. Подземниот Стокхолм е познат како „Најдолгата уметничка галерија во светот“, затоа што многу од нејзините станици имаат големи јавни уметнички инсталации.
19. Осло, Норвешка – Целиот јавен транспорт во Осло е дел од ист ценовен систем. Билетот важи за автобуси, трамваи, метрото, и фериброди во норвешкиот главен град.
19. Хелсинки, Финска – Како Осло, така и во Хелсинки еден билет е валиден во градот за трамваи, автобуси, метро и траект.
17. Виена, Австрија – Австрискиот главен град има добро познат јавен транспортен систем. Еден билет овозможува пристап до метрото, трамваите, локалните возови и автобуси. Виена работи на системот за чесност, што значи дека не постојат бариери за билетите или формални проверки.
17. Торонто, Канада – Торонто го има третиот по големина јавен транспортен систем во Северна Америка по Њујорк и Мексико Сити. Историската железничка станица „Унија“ е центарот на транспортната мрежа на Торонто.
16. Далас, Тексас, САД – Овој град во Тексас се сервира од „Dallas Area Rapid Transit“ системот. „DART“ (стрела) вклучува автобуси, лесна железница и трамвај услуги.
14. Монтреал, Канада – Монтреал има ефикасен метро транзитен систем, што е најдобар начин за движење во и околу градот.
14. Атланта, Џорџија, САД – Атланта ги користи услугите на „Марта“, брзо и ефикасно транзитен железнички систем во градот. Стартува од аеродромот во градот.
13. Париз, Франција – Париз има голема фреквенција во метро услугата, која има 16 линии што минуваат низ градот.
12. Јокохама, Јапонија – Вториот најнаселен град во Јапонија има добри врски со главниот град, Токио, како и мрежата на метрото и фериброд линковите.
11. Цирих, Швајцарија – Многу жители на швајцарскиот главен град избираат пеш да одат околу градот, а исто така има и автобуси, трамваи и возови, кои се движат од аеродромот.
10. Ванкувер, Канада – Градот се сервисира од страна на широк спектар на јавниот транспорт, вклучувајќи ги и јавните автобуси, брзата услуга на метрото, и крос-пристаниште за фериброди.
9. Хамбург, Германија – Како и во многу градови во Германија, јавниот транспорт во Хамбург е толку добар за тоа што се добива. Билетот им овозможува на корисниците пристап до мрежата „HVV“, кој ги опфаќа подземните, надземните, автобусите, возовите и фериброд услугите.
8. Сиднеј, Австралија – Системот за јавен превоз на Сиднеј има голема мрежа на возови, автобуси, и фериброд услуги, како и брзи линии за поврзување со аеродромот.
7. Лондон, Велика Британија – Лондон е светски познат по подземното метро низ целиот град, а транспортот е надополнет со голем возен парк од познатите црвени автобуси во главниот град.
6. Хонг Конг – Автономната територија има одлична јавна инфраструктура. Јавниот транспорт во Хонг Конг е меѓу најдобрите во светот. Автобуските линии покриваат најголем дел од областа, и таму се чести ферибродите меѓу островите кои ја сочинуваат територија. Исто така постојат и возови кон Кина и високо ефикасни подземни услуги.
5. Дизелдорф, Германија – Диселдорф е еден од трите германски градови во топ 5 места. Јавниот превоз кој ги вклучува автобусите, трамваите и метрото – се брзи, ефикасни и евтини.
4. Копенхаген, Данска – Јавниот транспорт во главниот град на Данска е сигурен и евтин. Еден билет има пристап до автобусите на вода, возовите и метрото.
3. Минхен, Германија – Минхен е вториот германски град кој се наоѓа во првите пет. Како Копенхаген, еден билет на корисниците им дава пристап до целата јавна транспортна мрежа, која вклучува „U-Bahn“ (подземна), „S-Bahn“ (приградски возови), трамваи и автобуси.
2. Франкфурт, Германија – Нема пречки во јавниот систем за превоз во Франкфурт, а како и Минхен, вклучува „U-Bahn“, „S-Bahn“ и трамвајска мрежа.
1. Сингапур – Сингапур е светски познат по многу ефикасниот и супер-брзиот јавен превоз. Жителите масивно го користи системот за брз воз (МRТ). „МRТ“ има 106 станици и е вториот најстар метро систем во југо-источна Азија.