Промовирани огласи »

Градот Амстердам ќе ги преземе долговите на младите, за да им ја олесни ситуацијата на оние кои се мачат да почнат со работа или да продолжат со образование.

Натрупаните долгови меѓу младите Холанѓани, се смета за голема пречка за вклучување на пазарот на трудот или за завршување на високото образование.

 На младите ќе им се отпише уште поголем дел од долгот доколку успешно се приклучат на тренинг за работа или образовна програма.

Долговите предизвикуваат стрес и тие често ја одредуваат иднината на младите. Многумина од нив се најдоа во ситуација од која не можат да излезат без помош. Затоа ние сега ќе им помогнеме за да можат да направат нов почеток, изјави заменик градоначалничката Марјолен Морман.

Општинска кредитна банка ќе преговара со кредиторите да ги откупи долговите. Кредиторите ќе добијат 750 евра како поттик да го префрлат долгот.

Повеќе од една третина од жителите на Амстердам на возраст меѓу 18 и 34 години се во долгови. Просечен студентски долг во Холандија во 2019 година беше 13.700 евра.

Промовирани огласи »

Најмногу пари од сите луѓе во светот оваа година заработил Французинот Бернар Арно, сопственик на компанијата LVMH или 35,5 милијарди долари.

Под закрила на оваа компанија работат брендовите Луј Витон, Диор и „Moet & Chandon“. 

LVMH пред два месеци постигна договор за купување на американскиот драгоцен гигант Тифани за повеќе од 16 милијарди долари. Вкупното негово богатство сега се проценува на 117 милијарди долари откако акциите на неговиот конгломерат кој се занимава со луксуз пораснаа во петокот за 1,66 отсто, што доведе до скок на листата која се ажурира во реално време.

Од друга страна, Амазон во последната трговска сесија изгуби 0,7 отсто од вредноста што доведе до тоа Безос да падне на второ место со 115,6 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејст остана на трето место на листата со 110,6 милијарди долари.

„Форбс“ истакнува дека Гејтс и понатаму ќе бил на првото место на листата најбогати да не донирал 35,8 милијарди во текот на животот во добротворни цели, но и понатаму продолжува со оваа хумана мисија.

Промовирани огласи »

А1 Македонија го објавува назначувањето на Методија Мирчев на функцијата Извршен директор. Веќе од денеска тој ги превзема одговорностите на извршната позиција и ќе го наследи Мислав Галер кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и Кластерот Македонија и Хрватска.

Методија Мирчев доаѓа на оваа позиција со огромно знаење и стекнато искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја започнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска.

Како Директор за продажба и Главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажува врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот. Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата Главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата по која бил унапреден во Извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата Главен оперативен директор.

Методија дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.

А1 Македонија му посакува добредојде на Методија како нов Извршен директор. Уверени сме дека со неговата биографија и широко искуство во телекомуникациската индустрија ќе ја направи компанијата уште посилен играч на телекомуникацискиот  пазар во земјата.

Методија го наследува Мислав Галер кој во 2017 година беше назначен за Извршен директор на оне.Вип, период кога тој даде значителен придонес во бизнис заедницата и телекомуникацискиот пазар во земјава. Тој успешно ги имплементираше проектите за развој и забрзување на компаниските процеси кои доведоа до суштински промени во компанијата, го воведе агилниот начин на работа и имплементираше работна средина која инспирира иновативност. Мислав го водеше најголемиот проект за 2019 година, ребрендирањето на компанијата и промовирањето на А1 брендот во нашата земја.

А1 Македонија ја изразува својата благодарност кон Мислав за неговото посветено работење во изминатите две години во компанијата и му посакува успех во неговата идна кариера.

Промовирани огласи »

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа е денешниов ден понеделник 20-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници, ладното време и исчекувањето на пролетта и летото.

Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство и компанија која инспирира радост, се потруди да на граѓаните на нашата држава овој “Blue Monday” им биде еден од најсреќните денови во годината. Нептун денес организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со најголеми попусти и супер понуди. Акцијата Само еден најсреќен ден нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овој најсреќен ден!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »