Промовирани огласи »

Проблем кој е доста комплексен, а младите по дрога најчесто посегнуваат од љубопитство, но и под влијание на средината во која што живее.

Постојано се зголемува бројот на наркозависници, а и се повеќе млади посегнуваат по наркотици. Најмладиот корисник на дрога во Македонија е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање. Исто така има и многу помали деца кои „дишат“ лепак или други супстанци

Два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава. Невладините велат, состојбата е алармантна.

Надлежните апелираат до родителите да не се срамат, туку да побараат помош за своето дете.

Секој родител треба да си признае на самите себе си. Да се обрати без срам, на оговарање, на етикетирање, битно е детето да ми се спаси, за секој родител, бидејќи подеднакво секој млад човек е ризична група, баш поради младоста.

Промовирани огласи »

Шопинг  треска во овој период од годината го зафати и Скопје.  Крај на зимската сезона и почеток на пролетната.

Гужва турканици, колони возила пред  големите шопинг молови во градот. 

Сите продавници ги нудат своите производи по екстремно ниски цени, а купувачите ги полнат продавниците и трговските центри.

Кога ќе се појави на пазарот некој производ или нови колекција облека, најчесто не можеме да си ја дозволиме заради превисоките цени кои се далеку над нашиот стандард. Затоа и толку се радуваме на оние сезонски попусти.

Потрошувачите во овој период од годината можат да купат парче производ  по невообичаено  ниска цена.

Во шопинг моловите попустите се од 20 па дури до 80 отсто, исто како и во другите метрополи. 

Промовирани огласи »

Почетна плата 350 EUR + бонуси! Интеркредит вработува CSR MANAGER (CUSTOMER SUPPORT): https://kariera.mk/job/TdXJvjAK8EGgrpCmdKlQmQ/csr-manager-customer-support

Магрони е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци. Својот тим го прошируваат со ОДРЖУВАЧ НА МАШИНИ: https://kariera.mk/job/OXgGoTkM5EmmiCAFXdNs2A/odrzhuvach-na-mashini

НЈСК Холдинг со 3 отворени работни места:

Солета има потреба од ПРОДАВАЧ/КА: https://kariera.mk/job/lfODjgaKlk2b7pd1fBa-hQ/prodavach-ka-na-delikates

Силк Роуд Банка нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ: https://kariera.mk/job/-O07X3ZJ3UKoB3MYMjHSog/referent-za-usoglasuvanje-so-propisi

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок заклучи дека нема потреба за ригорозни мерки околу смртоносниот коронавирус од кој во Кина досега починаа 9 лица а околу 500-тини се заразени.

Епидемиолозите одлучиле дека засега не треба да биде во функција и термалната камера на аеродромот, а за оние кои патуваат во Кина или се враќаат од земји каде го има вирусот ќе им делат информативни материјали -да не одат во областите каде е потврден вирусот, а оние кои се враќаат во земјата ако имаат респираторни симптоми каде да побараат помош.

Во меѓувреме вонреден состанок одржува и Светската здравствена организација која прави проценка дали да прогласат вонредна состојба откако опасниот вирус излезе и надвор од кинеските граници и веќе има случаи на заболени во Јапонија, Тајланд, Австралија и САД.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »