Промовирани огласи »

Град Скопје на фејсбук објави фотографии со новите заштитни столпчиња на улицата спроти Сити Мол.

„Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња на улицата „Манапо“ спроти Сити Мол. Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег“, велат од Град Скопје.

Ова значи дека тие што ќе сакаат да одат на шопинг во овој популарен шопинг центар, веќе нема да можат своите автомобили да ги паркираат бесплатно на околните локации.

Промовирани огласи »

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од понеделникот на полноќ поевитинија за 1,5 денари, цената на бензините остана непроменета.

Новата цена на Дизелот изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намали за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

По викендот не чека нова промена на цените на горивата, како и секој понеделник во неделата.

Промовирани огласи »

Израелската авиокомпанија „Изрер“ ќе воведе сезонски летови меѓу Тел Авив и Скопје претстојното лето, како резултат на разговорите меѓу израелските и македонските власти во ноември минатата година.

Авиопревозникот ќе лета два пати неделно меѓу главните градови на двете земји секој четврток и недела, почнувајќи од 11 јуни, а според „Рутс онлајн“, ќе се користат авиони „Ербас А320“ со 180 седишта.

„Изрер“ е трета по големина авиокомпанија во Израел по „Ел Ал“ и „Аркиа“, а веќе со успех дејствува на блиските пазари, како Црна Гора, Србија и Албанија.

Промовирани огласи »

Општина Карпош соопшти дека интензивно се работи на Спортско – адреналинскиот парк долж Кејот на реката Вардар, околу Алпинистичката карпа. Се одредува просторот за новото зеленило и хортикултурното уредување кое ќе се простира на површина од 4.000 квадратни метри и се преземаат градежни активности за изведба на новото фудбалско и одбојкарско игралиште, на детската зона, на скејт паркот, како и на адреналинскиот дел и скверот.

Градоначалникот Стефан Богоев денеска беше во увид на активностите на овој потег, кој треба да  прерасне во атрактивна спортско – рекреативна зона. По завршување на изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, Општина Карпош ќе продолжи со подготвителни активности и рамнење на теренот до бунарите на реката Лепенец, за целосно да се раззелени овој дел, кој со децении е место за создавање депонии и палење огнови на отворено.

Локалната самоуправа одвои три милиони денари од буџетот за старт на подготвителните активности, а Градот Скопје ќе даде поддршка за големиот парк, поточно за раззеленување на потегот. Општина Карпош за Спортско – адреналинскиот парк, аплицираше со проект во рамки наПроектот за локалнаи регионална конкурентност (ПЛРК), пришто е добиен грант во износ од 38.100.000 денари. Оваа финансиска поддршка ја обезбеди Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија преку кабинетот вицепремиерот задолжен за економски прашања. Учеството на локалната самоуправа изнесува околу пет милиони денари, а паркот се очекува да биде завршен до крајот на јуни 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »