Промовирани огласи »

Денес општеството е поразновидно од кога било, но презимињата со години остануваат исти и ни кажуваат многу за нашето потекло.

Ова ја натерало фирмата NetCredit да направи навистина интересна мапа, на која се прикажани најчестите презимиња во секоја држава ширум светот.

Најчестото презиме во светот е Ванг, кое потекнува од Кина и на мандарински значи „крал“. Околу 76 милиони луѓе ширум светот го носат ова презиме. На некој начин, прикажано e и потеклото на презимето. Oдносно, дали е наследено од таткото или добиено според локација, според професија и слично.

Од мапата можеме да видиме и кои се најчестите имиња во регионот. Па, најчестото презиме во Бугарија е Иванов, во Србија – Јовановиќ, во Грција – Пападопулос, во Албанија – Хоџа, а во Македонија, пак, најчестото презиме е Стојановски.

Според NetCredit, податоците на мапата се собрани во август 2019-та, од порталот Forebears.

Овде можете да ја погледнете мапата и во поголема резолуција.

Останатие мапи погледнете ги ОВДЕ.

Промовирани огласи »

Град Скопје соопшти дека од денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои и за бесплатниот јавен превоз и поскапиот паркинг, воведени во понеделникот доцна попладне.

„По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. 

На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината“, се вели во соопштението.

Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Промовирани огласи »

Од 1 февруари во сите основни училишта во Ѓорче Петров, учениците и наставниците пред почетокот на часот ќе треба да ги оставаат своите мобилни телефони во специјално изготвените џебови.

Џебовите ќе бидат нумерирани со бројки по дневник на учениците. Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка – информираат од општина Ѓорче Петров.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на активностите за изготвување на новиот Закон за работните односи достави свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.

Покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права  и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.

Поаѓајќи од се почестите дискусии за потребата недела да биде неработен ден за сите работници , кои се се поприсутни на меѓународно ниво , а посебно во земјите од нашиот регион , како и позитивниот пример на Црна Гора во оваа насока ,  Сојузот на синдикатите на Македонија е на став дека како   ден на неделен одмор  треба да  се третираат  саботата  и неделата , наместо како што до сега тоа е регулирано –  „Ден на неделен одмор по правило е недела или друг ден во неделата“.

Анализите и примерите  покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување

Дополнително во оваа насока, ССМ  предложи, полното работно време да не може да биде подолго од 38 часа неделно , наместо сегашните 40.
Посочените  барања и заложби на Сојузот на синдикатите на Македонија се прогресивни, развојни и мотивирачки  кои значително ќе влијаат на зголемување на продуктивноста на трудот , но и на заштитата на работничките права и потреби. ССМ смета дека со унапредување на работничките права и со создавање на правна рамка за почитување на  демократските вредности ќе се создададат  основи и  претпоставки кои ќе ја задржат младата популација во државата , наспроти трендот на отселување карактеристичен за последниот период, велат од ССМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »