Промовирани огласи »

Најголем проблем за возачите во текот на есента и зимата кога температурите се ниски, се замаглените стакла, особено ако се брзаме некаде.

Постои паметно решение за кое не ви треба ниту труд ниту пари. Земете една чорапа од дома, па ставете песок во неа, а потоа затворете ја и врзете чвор.

За да бидете сигурни дека нема да се скине, врз чорапата ставете ја и другата чорапа од парот. Ставете го ова под седиштето или на шалтаблата.

Промовирани огласи »

Денес општеството е поразновидно од кога било, но презимињата со години остануваат исти и ни кажуваат многу за нашето потекло.

Ова ја натерало фирмата NetCredit да направи навистина интересна мапа, на која се прикажани најчестите презимиња во секоја држава ширум светот.

Најчестото презиме во светот е Ванг, кое потекнува од Кина и на мандарински значи „крал“. Околу 76 милиони луѓе ширум светот го носат ова презиме. На некој начин, прикажано e и потеклото на презимето. Oдносно, дали е наследено од таткото или добиено според локација, според професија и слично.

Од мапата можеме да видиме и кои се најчестите имиња во регионот. Па, најчестото презиме во Бугарија е Иванов, во Србија – Јовановиќ, во Грција – Пападопулос, во Албанија – Хоџа, а во Македонија, пак, најчестото презиме е Стојановски.

Според NetCredit, податоците на мапата се собрани во август 2019-та, од порталот Forebears.

Овде можете да ја погледнете мапата и во поголема резолуција.

Останатие мапи погледнете ги ОВДЕ.

Промовирани огласи »

Град Скопје соопшти дека од денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои и за бесплатниот јавен превоз и поскапиот паркинг, воведени во понеделникот доцна попладне.

„По добиената информација од МЖСПП, Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. 

На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината“, се вели во соопштението.

Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Промовирани огласи »

Од 1 февруари во сите основни училишта во Ѓорче Петров, учениците и наставниците пред почетокот на часот ќе треба да ги оставаат своите мобилни телефони во специјално изготвените џебови.

Џебовите ќе бидат нумерирани со бројки по дневник на учениците. Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка – информираат од општина Ѓорче Петров.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »