Промовирани огласи »

Во наредните 11 месеци ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува со авион кон и од Велика Британија и покрај тоа што државата на 31 јануари на полноќ официјално ја напушти Европската унија, објави нискобуџетната авиокомпанија која ја опслужува линијата Скопје-Лондон.

Како што наведува Wizz Air во известувањето до клиентите, до 21 декември Велика Британија ќе продолжи да ги следи правилата и регулативите на Европската Унија и со тоа ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува кон и од таа држава  во тој период.

Wizz Air ја опслужува линијата Скопје-Лондон двапати неделно, секој вторник и сабота.

Промовирани огласи »

Повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Започна исплатата за второто тримесечје од повратот на ДДВ од мерката од МојДДВ, преку која граѓаните добиваат средства од секнирањето на сметки.

Претходно Управата за јавни приходи соопшти дека се заокружи второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари, вкупниот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Според информациите од УЈП за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат  кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска на својот профил на „Фејсбук“ потврди дека започна исплатата за второто тримесечје од МојДДВ и дека очекува да бидат исплатени 3,8 милиони евра.

Промовирани огласи »

Во следните седум дена возачите ќе полнат резервоари со бензини и дизел по поевтини цени.

Ова станува јасно од одлуката која регулаторна ја соопшти напладне.

Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинија бензините, додека дизелот бележи пад во цената за два денари.

Или, поинаку кажано, возачите во следните седум дена за Еуросупер БС-95 ќе плаќаат 66 денари за литар а Еуросупер БС 98 ќе ги чини 68,50 денари за литар.

Од друга страна дизелот ќе се точи за 58 ден/лит.

47,50 денари по литар ќе изнесува цената на  екстра лесното масло за домаќинство а паѓа и цената на мазутот кој ќе се продава 34,922 денари за килограм.

Промовирани огласи »

Во неколку основни училишта од денеска почна настава без мобилни телефони. Согласно, Кодексот на однесување во училиштата, од второто полугодие наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони ги ставаат во остава за телефони. 

Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка.

Оваа иницијатива наиде на различни коментари од страна на родителите, но сепак поголем дел ја поздравуваат ваквата одлука, надевајќи се дека истата ќе се почитува и од учениците и од родителите, но и од наставниците. 

Сепак, има и такви на кои им пречи оваа одлука, сметајќи дека телефоните не се проблем, за нормална настава. 

Еве ги дел од коментарите на родителите. 

- Учениците нема да носат мобилни така и треба јас се прашувам дали наставниците ќе користат телефони на час зошто не се само децата, криви се и наставниците на час не се збори денес кај ќе оди на кафе што ќе праи за ручек. 

-Браво, добар потег барем додека се на настава.

-Но, и дома треба да им се редуцира користење на мобилните, не само на училиште.

-Не ја поздравувам оваа одлука. Сметам дека родителите се тие кои треба да ги воспитуваат децата и да им дадат до знаење дали треба или не треба да користат мобилен во училиште. Ако јас како родител дозволувам моето дете да има телефон во училиште, зошто тогаш некој друг да ја оспорува таа моја одлука?

-А што ако детето е преладено? Како ќе го слушнам јас? Гласно НЕ, за оваа иницијатива, 21 век сме. 

-Конечно! Да се надеваме дека возрасните деца ќе ја сватат вредноста на ова и ќе ги остават децата да бидат сплотени без нивен мониторинг, а под стручно око.

Останува да видиме, колку оваа одлука ќе се спроведува и дали останатите училишта ќе ја прифатат иницијативата за настава без мобилен телефон. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »