Промовирани огласи »

Со исплатата на јануарската пензија, во месец февруари, ќе имаме зголемување од 722 денари на сите пензии во нашата држава. Како што расте економијата и минималата плата, така ги зголемуваме и пензиите, и сега имаме одржлив раст на пензиите. На овој начин ги остваривме барањата на пензионерите, истакна вицепремиераката за економски прашања и координација со економските ресурси, Мила Царовска на денешната средба со претставници на Сојузот на пензионери.

Царовска додаде дека со реформата што ја поставила Владата, заштедени се двојно повеќе финансиски средства, односно се очекувало да бидат заштедени две милијарди денари, а биле заштедени 3,7 милијарди. Со ова, како што појасни Царовска, се докажало дека навистина има одржливост во растот на пензиите.

– Покажавме дека како што расте економијата, како имаме раст на приходите кај работноспособно население или раст на минималната плата само минатата година од 15 отсто и пет отсто на просечната плата, на тој начин ги зголемуваме и пензиите во нашата држава, заради тоа што само на тој начин може да имаме одржлив раст на пензиите, рече вицепремиеарката.

Според претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова која присуствуваше на денешната средба, пензијата претставува лично материјално и неотуѓиво право утврдено со Закон.

Од 1 јануари 2020 година се утврди дека сите пензии за сите категории на пензионери, нивната пензија ќе им биде зголемена за 722 денари. Тоа значи дека овој износ од 722 денари ќе биде засметан во висината на пензијата и тој ќе се користи трајно и неограничено. Овој износ ќе претставува основа за усогласување на другите зголемувања што ќе следуваат во иднина, додаде Трајкова.

Кога станува збор за усогласувањето на пензиите, Трајкова потенцира дека Сојузот на здружение на пензионери го следи Институтот за усголасување на пензиите и параметрите, односно индикаторите од кои зависи усогласување на пензиите и тогаш кога ќе бидат исполнети условите, Сојузот ќе побара да се оствари нивното законско право.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Шаип Зенели, на средбата истакна дека по долго време, првпат во земјава Владата имала слух да ги слуша и експертите од ПИОМ во делот на реформите што се одвивале последните три години, а сега даваат резултати.

Треба да се напомене дека зголемувањето на пензиите не беше линеарно, туку е зголемување на основицата на пензијата. Тоа значи дека ова ќе трае, а се надеваме и дека во наредните години како што одат реформите, како што се зголемуваат приходите на Фондот на пензиско и инвалидско, ќе имаме и дополнително зголемување на пензиите, истакна Зенели.

Тој напомена дека последната година имало зголемување на приходите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 10 отсто, што според него, е плод на сите реформи. Зенели додаде и дека растот на стапката на придонеси за 0,4 отсто, која годинава ќе биде поголема за уште дополнителни 0,4 проценти, исто така има голема улога во зголемување на бројот на вработени во земјава.

Промовирани огласи »

23,387 изнесува бројот на ново приклучени скенирачи на фискални сметки во месец јануари.

Ова го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, која меѓу другото напомена дека почнувајќи од февруари почна исплатата на „МојДДВ“ второто тримесечие односно за месеците октомври, ноември и декември.

Тоа значи дека парите од поврат на ДДВ може да ви легнат секој ден овој месец.

Она што треба да го направите е да ги проверите трансакциските сметки и доколку во првото тримесечие на добивте поврат на ДДВ а скениравте сметки, истите да ги корегирате за да може исплатата да биде ефикасна.

За месец јануари вкупниот поврат на ДДВ како што информираше Лукаревска сумата е 1.724.000 евра.

Промовирани огласи »

Кинеските власти во Вухан изградија болница со 1.000 кревети, за пациенти заболени од новиот корона вирус. Градоначалникот Џоу Сијанванг на војската ја предаде новата болница Хуншеншан, каде ќе работат 1.400 здравствени работници, пренесува CNN.

Според кинеските медиуми, новата болница е монтажна и може да се изгради за 6 дена. Во тек е изградба на уште една болница, Леишеншен, чие отворање е закажано за 5 февруари. Двете болници заедно ќе имаат 2.600 кревети.

Промовирани огласи »

Во наредните 11 месеци ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува со авион кон и од Велика Британија и покрај тоа што државата на 31 јануари на полноќ официјално ја напушти Европската унија, објави нискобуџетната авиокомпанија која ја опслужува линијата Скопје-Лондон.

Како што наведува Wizz Air во известувањето до клиентите, до 21 декември Велика Британија ќе продолжи да ги следи правилата и регулативите на Европската Унија и со тоа ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува кон и од таа држава  во тој период.

Wizz Air ја опслужува линијата Скопје-Лондон двапати неделно, секој вторник и сабота.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »