Промовирани огласи »

Кинеските власти во Вухан изградија болница со 1.000 кревети, за пациенти заболени од новиот корона вирус. Градоначалникот Џоу Сијанванг на војската ја предаде новата болница Хуншеншан, каде ќе работат 1.400 здравствени работници, пренесува CNN.

Според кинеските медиуми, новата болница е монтажна и може да се изгради за 6 дена. Во тек е изградба на уште една болница, Леишеншен, чие отворање е закажано за 5 февруари. Двете болници заедно ќе имаат 2.600 кревети.

Промовирани огласи »

Во наредните 11 месеци ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува со авион кон и од Велика Британија и покрај тоа што државата на 31 јануари на полноќ официјално ја напушти Европската унија, објави нискобуџетната авиокомпанија која ја опслужува линијата Скопје-Лондон.

Како што наведува Wizz Air во известувањето до клиентите, до 21 декември Велика Британија ќе продолжи да ги следи правилата и регулативите на Европската Унија и со тоа ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува кон и од таа држава  во тој период.

Wizz Air ја опслужува линијата Скопје-Лондон двапати неделно, секој вторник и сабота.

Промовирани огласи »

Повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Започна исплатата за второто тримесечје од повратот на ДДВ од мерката од МојДДВ, преку која граѓаните добиваат средства од секнирањето на сметки.

Претходно Управата за јавни приходи соопшти дека се заокружи второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денари, вкупниот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.

Според информациите од УЈП за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат  кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска на својот профил на „Фејсбук“ потврди дека започна исплатата за второто тримесечје од МојДДВ и дека очекува да бидат исплатени 3,8 милиони евра.

Промовирани огласи »

Во следните седум дена возачите ќе полнат резервоари со бензини и дизел по поевтини цени.

Ова станува јасно од одлуката која регулаторна ја соопшти напладне.

Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинија бензините, додека дизелот бележи пад во цената за два денари.

Или, поинаку кажано, возачите во следните седум дена за Еуросупер БС-95 ќе плаќаат 66 денари за литар а Еуросупер БС 98 ќе ги чини 68,50 денари за литар.

Од друга страна дизелот ќе се точи за 58 ден/лит.

47,50 денари по литар ќе изнесува цената на  екстра лесното масло за домаќинство а паѓа и цената на мазутот кој ќе се продава 34,922 денари за килограм.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »