Промовирани огласи »

Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Промовирани огласи »

Проверете дали сте еден од добитниците на награда. Се разбира ако скенирате фискални сметки. Министерката за финансии Нина Ангеловска синоќа сподели на фејсбук дека се извлечени новите среќници. Тие добија по 100.000 денари, а во март ќе биде извлечена и премијата односно наградат од три милиони денари.

„Со #МојаНаграда сите кои скенираат имаат 3 главни придобивки – поврат, награди и придонесуваат во борбата против сивата економија. Секоја фискална сметка е важна! Во март следува извлекувањето за првата голема премија од 3.000.000 денари  Помалку сива економија – подобри јавни услуги за сите“, напиша Ангеловска.

Ова е второ извлекување.

Промовирани огласи »

На вработените во државната администрација од оваа година ќе им се исплаќа регрес за годишен одмор (К-15). Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница, а министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е задолжен да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.

Со оваа одлука се опфатени и судовите, јавни обвинителства, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови, центри за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право. Исто така се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите, велат од Владата.

Промовирани огласи »

ИКЕА освен по своите уникатни парчиња мебел, позната е и по тоа што во последниве две години на нејзино чело стои одличен директор.

Главен извршен директор на култната шведска компанија за мебел ИКЕА е Џеспер Бродин. Тој на својот профил на LinkedIn објави фотографија на која се гледа како облечен во кујнска престилка подготвува оброци во кујната на Икеа.

Секоја година, сакам да бидам сигурен дека ќе одвојам време за неколку дена да работам во нашите кујни. Многу ми е значајно да ја согледам реалноста на нашите вработени и клиенти што е од голема важност за нас како компанија, стои во напишаното.

Самиот Џеспер Бродин има работено како мијач на садови во еден ресторан во Гетеборг, Шведска. Тој е дел од ИКЕА повеќе од 16 години, а во компанијата има започнато како Бизнис менаџер во одделот за храна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »