Промовирани огласи »

Американскиот Епл Воч лани бил најпродаван паметен часовник, со повеќе продадени примероци од цела швајцарска индустрија, како што покажуваат податоците на „Стратеџи аналитикс“.

 Извештајот проценува дека Епл испорачал речиси 31 милион часовници минатата 2019 година, што е 36 отсто повеќе од претходната. Швајцарските Своч, ТАГ Хајер, но и сите други брендови испорачале вкупно околу 21,1 милион примероци, што е пад од 13 отсто во однос на 2018 година. Епл сè уште ги нема објавено податоците од ланската продажбата на Епл Воч, но Стратеџи Аналитикс ги собрале податоците од малопродажните партнери и други доставувачи.

 Аналогните рачни часовници се популарни меѓу повозрасните потрошувачи, но помладите купувачи ги избираат паметните часовници и компјутеризирани верзии на рачен накит, објави Нил Мостон, извршен директор на аналитичката компанија. 

И според аналитичарот Стивен Валцер, традиционалните швајцарски произведувачи на часовници ја губат битката против паметните уреди. Епл Воч е долгогодишен лидер на пазарот на паметни часовници и еднаш веќе ја надмина швајцарската индустрија, според квартална продажба во 2017 година. Ова е прва година во која производот ги престигна сите свои аналогни конкуренти од оваа европска земја.

Промовирани огласи »

Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Промовирани огласи »

Проверете дали сте еден од добитниците на награда. Се разбира ако скенирате фискални сметки. Министерката за финансии Нина Ангеловска синоќа сподели на фејсбук дека се извлечени новите среќници. Тие добија по 100.000 денари, а во март ќе биде извлечена и премијата односно наградат од три милиони денари.

„Со #МојаНаграда сите кои скенираат имаат 3 главни придобивки – поврат, награди и придонесуваат во борбата против сивата економија. Секоја фискална сметка е важна! Во март следува извлекувањето за првата голема премија од 3.000.000 денари  Помалку сива економија – подобри јавни услуги за сите“, напиша Ангеловска.

Ова е второ извлекување.

Промовирани огласи »

На вработените во државната администрација од оваа година ќе им се исплаќа регрес за годишен одмор (К-15). Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница, а министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е задолжен да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.

Со оваа одлука се опфатени и судовите, јавни обвинителства, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови, центри за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право. Исто така се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите, велат од Владата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »