Промовирани огласи »

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

За таа цел, Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на граѓаните и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари, соопштика денеска од Град Скопје.

Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Целта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано, стои во соопштението, е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5).

Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците, се вели во соопштението.

Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции. 

Промовирани огласи »

Осумнаесетти март е датумот кога ќе се извлекува среќниот добитник од наградната игра Мој ДДВ.

Премија од три милиони денари ќе издрадува некој кој скенирал фискални сметки. Претходно на 4ти март ќе се извлекуваат добитниците на 100.000 денари.

Со МојаНаграда сите кои скенираат имаат 3 главни придобивки – поврат, награди и придонесуваат во борбата против сивата економија.

Се скенираат се повеќе фискални сметки. Почнувајќи од февруари почна исплатата на „МојДДВ“ второто тримесечие односно за месеците октомври, ноември и декември.

Тоа значи дека парите од поврат на ДДВ може да ви легнат секој ден овој месец.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром од оваа година ќе исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче. Субвенцијата за секое новороденче досега изнесуваше 5.000 денари, информираат од Општината.

-Во буџетот за 2020 година предвидовме зголемување на поддршката за нороворенчињата, со цел да ги олесниме трошоците на граѓаните и на тој начин да создадеме подобра иднина за сите”, вели градоначалникот Златко Марин.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2020 година на подрачјето на Општина Аеродром.

Формуларот може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром.

Промовирани огласи »

Изработката на нови лични документи кои ќе бидат со името Република Северна Македонија ќе започне од септември 2020 година, велат од МВР за Радио Слободна Европа. Во меѓувреме се издаваат лични документи со името „Република Македонија“. Овие пасоши ќе мора да се сменат до почетокот на 2024 година.

„Согласно спроведената постапка за набавка и испорака на нови видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој), склучена е Рамковната спогодба на 05.12.2019 како и Договор за нарачка на 11.12.2019, помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи. Со изработка на нови лични документи кои ќе бидат со името Република Северна Македонија ќе се започне од септември 2020 година“, стои во писмениот одговор од МВР.

Новите пасоши и лични карти ќе бидат на трошок на граѓаните.

Во меѓувреме тие што излегуваат од државата, на граничните премини во своите пасоши добиваат печат дека „патната исправа и припаѓа на Република Северна Македонија“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »