Промовирани огласи »

Изработката на нови лични документи кои ќе бидат со името Република Северна Македонија ќе започне од септември 2020 година, велат од МВР за Радио Слободна Европа. Во меѓувреме се издаваат лични документи со името „Република Македонија“. Овие пасоши ќе мора да се сменат до почетокот на 2024 година.

„Согласно спроведената постапка за набавка и испорака на нови видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој), склучена е Рамковната спогодба на 05.12.2019 како и Договор за нарачка на 11.12.2019, помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи. Со изработка на нови лични документи кои ќе бидат со името Република Северна Македонија ќе се започне од септември 2020 година“, стои во писмениот одговор од МВР.

Новите пасоши и лични карти ќе бидат на трошок на граѓаните.

Во меѓувреме тие што излегуваат од државата, на граничните премини во своите пасоши добиваат печат дека „патната исправа и припаѓа на Република Северна Македонија“.

Промовирани огласи »

Реномирано адвокатско друштво Интер Партес од Скопје има потреба од:

Мотиви за свој клиент, интернационална компанија, е во потрага по:

CMX Solutions со отворено работно место за ПОЗНАВАЧИ НА ФРАНЦУСКИОТ ИЛИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК: https://kariera.mk/job/ab3hqp53KEajEe1OQOQ1XA/rabotno-mesto-za-poznavachi-na-francuskiot-ili-italijanskiot-jazik

ФД Кредиссимо вработува АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ: https://kariera.mk/job/0JLnw7-0zEahfqXW7PtNPg/agent-za-terenska-naplata-na-dolgovi

ПЗУ Аптека Вера заради отварање на ова организациона единица во склоп на “Поликлиника Идадија – Скопје ” го проширува својот тим и има потреба од ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР: https://kariera.mk/job/v6nr-pQIqEOC7mcG3NlplA/diplomiran-farmacevt-i-farmacevtski-tehnichar

Промовирани огласи »

Американскиот Епл Воч лани бил најпродаван паметен часовник, со повеќе продадени примероци од цела швајцарска индустрија, како што покажуваат податоците на „Стратеџи аналитикс“.

 Извештајот проценува дека Епл испорачал речиси 31 милион часовници минатата 2019 година, што е 36 отсто повеќе од претходната. Швајцарските Своч, ТАГ Хајер, но и сите други брендови испорачале вкупно околу 21,1 милион примероци, што е пад од 13 отсто во однос на 2018 година. Епл сè уште ги нема објавено податоците од ланската продажбата на Епл Воч, но Стратеџи Аналитикс ги собрале податоците од малопродажните партнери и други доставувачи.

 Аналогните рачни часовници се популарни меѓу повозрасните потрошувачи, но помладите купувачи ги избираат паметните часовници и компјутеризирани верзии на рачен накит, објави Нил Мостон, извршен директор на аналитичката компанија. 

И според аналитичарот Стивен Валцер, традиционалните швајцарски произведувачи на часовници ја губат битката против паметните уреди. Епл Воч е долгогодишен лидер на пазарот на паметни часовници и еднаш веќе ја надмина швајцарската индустрија, според квартална продажба во 2017 година. Ова е прва година во која производот ги престигна сите свои аналогни конкуренти од оваа европска земја.

Промовирани огласи »

Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »