Промовирани огласи »

A1 Македонија со гордост го најавува воведувањето на нова понуда за сите корисници на мобилната припејд телефонија со која добиваат можност да уживаат во придобивките на атрактивниот пакет А1 Go Social и неограничено да сурфаат на социјалните мрежи.

Најновиот А1 Go Social енеделен пакет со неограничено сурфање на најпопуларните социјални мрежи, Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp. Со пакетот корисниците добиваат можност за опуштено сурфање, споделување фотографии и видеа, постови и сторис без при тоа да го трошат дополнителниот 1GB интернет кој е составен дел од пакетот. Пакетот е достапен за само 119 денари неделно.

Пакетот А1 Go Social може да се користи се додека корисникот има преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Доколку биде потрошен интернетот, нов пакет може да биде активиран веднаш со што продолжува користењето на пакетот А1 Go Social.

Сите нови А1 припејд корисници го добиваат пакетот А1 Go Social бесплатно во првата недела. Сите постоечки А1 припејд корисници можат да го активираат пакетот со SMS текст START на 1499 или преку апликацијатаМојот A1. По истекот, пакетот автоматски ќе се реактивира за неделна претплата од 119 денари сè додека корисникот има доволно кредит на сметката.

Корисникот може да провери статус на преостанатиот интернет од дополнителниот 1GB интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440.

Со оваа најнова атрактивна понуда, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава.

Повеќе информации можете да најдете на www.A1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Се враќа ли социјализмот? Предлог: Недела да биде неработен ден за сите! И за маркетите и продавниците! 

Во последно време сè повеќе се размислува за скратување на работната недела, бидејќи се смета дека тоа позитивно влијае врз продуктивноста на работниците и им овозможува да постигнат баланс меѓу работниот и приватниот живот.

Владата планира недела да биде прогласен за неработен ден за сите.

Синдикатите и работодавачите се со различен став околу ова прашање. Првите сметаат дека сабота и недела треба да бидат денови на неделен одмор, а вторите велат дека е нелогично да се ограничува работењето на одредени трговски објекти во недела со оглед на нивната спефицична дејност и оти е најдобро секој трговец сам да одлучи како ќе го организира своето работно време.

Недела неработен за трговците. Вакво законско решение кое некои земји во регионот почнаа да го применуваат, засега е неприфалтиво за македонската економија.  Од организацијата на работодавачи велат дека домашата економија е се уште кревка и со тоа штета ќе се нанесе и на работодавачите и на вработените. Потрошувачката ќе се намали, а тоа може да се одрази и врз платите на работниците.

Во Црна Гора се воведе неработна недела за трговците, а Србија е во процес на одлучување за неработна недела.

Ниту во Германија, Австрија, Полска и Словенија не се работи во недела. Додека пак, Скандинавските земји, излегоа со иницијатива за скратување на работната недела на 4 работни денови. Јапонската влада, пак, одлучи на работниците да им се дозволи пауза за спиење за да бидат попродуктивни.

Промовирани огласи »

Компанијата која прекина на своите вработени да им го плаќа времето кое го поминуваат на паузите за пушење го доби случајот во шпанскиот Врховен суд, пренесува „Б92“.

Енергетската компанија „Галп“ вели дека постапувала по законите на земјата кога од одземала времето поминато надвор од просториите од вкупниот број на работни денови на вработените.

Просечниот работник во Шпанија во 2018 година работел 1.701 час. 

Промовирани огласи »

Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Тој стапува на сила на 18 февруари 2020 година, а ќе почне да се применува по еден месец, односно од 18 март 2020 година, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20 отсто од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Со Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како што информира денеска Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се уредува начинот на утврдување на стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос и бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.

-Во овие случаи, со Законот се дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Плаќањето на придонесот ќе се однесува за оној период за кој осигуреникот поднесува барање за плаќање на придонес, под услов да бил пријавен во задолжително социјално осигурување. Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20 отсто од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика, се вели во соопштението од Фондот.

Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија. Правото на плаќање на придонес се остварува по поднесено барање на осигуреникот или членовите на семејството, а кое се поднесува до надлежната Филијала, односно Деловница на Фондот. По поднесеното барање, Фондот ќе донесе решение за плаќање на придонесот, откако ќе утврди дека се исполнети условите предвидени во Законот.

-Во условите се предвидува осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување, што се утврдува од податоците во матичната евиденција на Фондот со претходно воспоставена пријава за почеток и престанок на осигурувањето утврдена во матичната евиденција на Фондот, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот за кој осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување не е платен, односно не е целосно платен, што се утврдува со записник на Фондот и обврзникот за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување е во стечај, а осигуреникот е одјавен од осигурување, или обврзникот е избришан од регистрите кои се водат при Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Уплатата на придонесот, потсетуваат од Фондот, се врши по донесувањето на решението. Претходното законско решение за докуп на стаж кое беше донесено во 2015 година, додаваат оттаму, имаше ограничено важење од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ќе може да прави пресметки за плаќање на придонесот до 31 декември 2008 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »