Промовирани огласи »

Се враќа ли социјализмот? Предлог: Недела да биде неработен ден за сите! И за маркетите и продавниците! 

Во последно време сè повеќе се размислува за скратување на работната недела, бидејќи се смета дека тоа позитивно влијае врз продуктивноста на работниците и им овозможува да постигнат баланс меѓу работниот и приватниот живот.

Владата планира недела да биде прогласен за неработен ден за сите.

Синдикатите и работодавачите се со различен став околу ова прашање. Првите сметаат дека сабота и недела треба да бидат денови на неделен одмор, а вторите велат дека е нелогично да се ограничува работењето на одредени трговски објекти во недела со оглед на нивната спефицична дејност и оти е најдобро секој трговец сам да одлучи како ќе го организира своето работно време.

Недела неработен за трговците. Вакво законско решение кое некои земји во регионот почнаа да го применуваат, засега е неприфалтиво за македонската економија.  Од организацијата на работодавачи велат дека домашата економија е се уште кревка и со тоа штета ќе се нанесе и на работодавачите и на вработените. Потрошувачката ќе се намали, а тоа може да се одрази и врз платите на работниците.

Во Црна Гора се воведе неработна недела за трговците, а Србија е во процес на одлучување за неработна недела.

Ниту во Германија, Австрија, Полска и Словенија не се работи во недела. Додека пак, Скандинавските земји, излегоа со иницијатива за скратување на работната недела на 4 работни денови. Јапонската влада, пак, одлучи на работниците да им се дозволи пауза за спиење за да бидат попродуктивни.

Промовирани огласи »

Компанијата која прекина на своите вработени да им го плаќа времето кое го поминуваат на паузите за пушење го доби случајот во шпанскиот Врховен суд, пренесува „Б92“.

Енергетската компанија „Галп“ вели дека постапувала по законите на земјата кога од одземала времето поминато надвор од просториите од вкупниот број на работни денови на вработените.

Просечниот работник во Шпанија во 2018 година работел 1.701 час. 

Промовирани огласи »

Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Тој стапува на сила на 18 февруари 2020 година, а ќе почне да се применува по еден месец, односно од 18 март 2020 година, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20 отсто од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Со Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како што информира денеска Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се уредува начинот на утврдување на стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос и бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.

-Во овие случаи, со Законот се дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Плаќањето на придонесот ќе се однесува за оној период за кој осигуреникот поднесува барање за плаќање на придонес, под услов да бил пријавен во задолжително социјално осигурување. Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20 отсто од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика, се вели во соопштението од Фондот.

Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија. Правото на плаќање на придонес се остварува по поднесено барање на осигуреникот или членовите на семејството, а кое се поднесува до надлежната Филијала, односно Деловница на Фондот. По поднесеното барање, Фондот ќе донесе решение за плаќање на придонесот, откако ќе утврди дека се исполнети условите предвидени во Законот.

-Во условите се предвидува осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување, што се утврдува од податоците во матичната евиденција на Фондот со претходно воспоставена пријава за почеток и престанок на осигурувањето утврдена во матичната евиденција на Фондот, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот за кој осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување не е платен, односно не е целосно платен, што се утврдува со записник на Фондот и обврзникот за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување е во стечај, а осигуреникот е одјавен од осигурување, или обврзникот е избришан од регистрите кои се водат при Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Уплатата на придонесот, потсетуваат од Фондот, се врши по донесувањето на решението. Претходното законско решение за докуп на стаж кое беше донесено во 2015 година, додаваат оттаму, имаше ограничено важење од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ќе може да прави пресметки за плаќање на придонесот до 31 декември 2008 година.

Промовирани огласи »

Почна примената на новата методологија со која од денеска мотоциклистите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина, со што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  ја реализира најавата за нови цени за патарина за моторџиите.

Воведувањето на мотоциклите како нова категорија возила што плаќаат патарина е на барање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, а за што беше усвоена Одлука на ЈП за државни патишта во јуни 2019 година.

-Мотоциклите со две тркала минатата година беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие од денеска плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите, соопшти ЈПДП.

Надоместот за употреба на пат за мотоциклите изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец“, „Миладиновци“, „Тетово“, „Гостивар“, „Глумово“ и „Желино“. Патарина во износ од 40 денари се плаќа на наплатните станици „Романовце“ и „Стоби“, додека 50 денари од правец е на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“, а 60 денари за правец се плаќа на наплатната станица „Гевгелија“.

– Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите, стои во соопштението

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »