Менаџер за продажба на фотокопирна и хартија за печатење

За компанијата: ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Групацијата (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето повеќе годишно искуство, Инфософт Групацијата опфаќа компании на пазарите на Албанија,... повеќе за компанијата »

Компанија: ИТД Дистрибуција Доо Скопје

Оддел: Оддел за хартија

Работно место: Менаџер за продажба на фотокопирна и хартија за печатење

Одлична можност за тебе да се приклучиш на водечка регионална компанија за ИТ дистрибуција, дел од групацијата Инфософт Груп.  Ние сме компанија со 17 години искуство на македонскиот пазар, која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, хартија за печатење и репроматеријали за печатници и за цело време оставрува високи резултати во работењето. 

Постојано се стремиме кон највисоки перформанси, земајќи ги предвид промените на пазарот и фокусирајќи се на процесот на прецизна дистрибуција, квалитетниот однос со партнерите, високата бизнис етика, одличната логистика, професионализмот и знаењето во продажбата/менаџментот. ИТД Дистрибуцијата има за цел да биде лидер на пазарот на ИТ дистрибуција во Македонија.

Континуираниот напредок и раст на нашата компанија се базира на талентот и работата на нашиот тим од 40 професионални, амбициозни и квалификувани вработени.  Постојаната обука на персоналот во насока на подобрување на перформансите, професионалниот развој и напредокот во кариерата ни е од најголемо значење. Секој вработен периодично се евалуира врз основа на метрики, како и јасни и конкретни инструкции за реализација на зададените задачи. Го охрабруваме развојот на личните вештини и подобрување на ефикасноста на работните места, зошто, според нас, човечкиот капитал е и ќе биде наша најголема вредност.

Работни задачи

  • Одржување позитивни деловни односи со постојните и нови клиенти со цел да се обезбеди идна продажба;
  • Планирање и директно преговарање со клиентите;
  • Презентирање на производите и услугите на компанијата пред потенцијални клиенти;
  • Одговара за постигнување на кварталните и годишните таргети за продажба;
  • Го планира, организирајте и приоритизира работните задачи;

Квалификации и вештини за работата

  • Минимум 2 години работно искуство во продажба на хартија и графички материјали.
  • Универзитетска диплома
  • Можност за вмрежување и силно присуство на пазарот.
  • Одлични вештини за продажба, преговарање и услуги на клиентите.
  • Одлични вештини за организација и управување со времето.
  • Одлични интерперсонални вештини, вклучително и способност за брзо градење на однос и со клиентите и со добавувачите.
  • Високо мотивирани и насочени кон реализација на корпоративни цели
  • Треба да имате позитивен став и одлични комуникациски вештини за ефективно да го споделите вашето знаење
  • Долгогодишно искуство во канцелариски менаџмент и способност брзо да одговорите на барањата од раководството.
  • Да може ефективно да работи во тимска средина и под притисок
  • Многу добри организациски вештини, вештини за управување со времето и ориентирани кон рокови
  • Добар тимски играч со одлични интерперсонални и комуникациски вештини, добрата смисла за хумор е секогаш плус.
  • Одлична вербална и писмена вештина за комуникација на англиски јазик.

Што можеш да очекуваш од нас

  • Конкурентна основна плата и можности за бонус, како и законски бенефиции обезбедени во согласност со локалните закони и практика
  • Одлична можност да се приклучите во широко признаена водечка компанија во регионот - Infosoft Group која важи за еден од најдобрите ИТ компаниии за дистрибуција, со повеќе од 30 години искуство
  • Либерална и мотивирачка средина
  • Можност за развој, докфалификација и обуки
  • Приватно здравствено осигурување

 

Квалификуваните кандидати да испратат CV на маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со наслов  „Менаџер за продажба на фотокопирна хартија”

Само квалификувани кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Краен рок за прием на апликации е 29.09.2024.

Личните информации кои ќе ги поднесете преку вашата апликација, ќе бидат заштитени и користени само за целите за регрутација. Според Закон за заштита на личните податоци ("Службен весник на Република Македонија" бр.7/05, 103/08, 124/08, 124/10, 135/2011, 43/2014 и 153/15).

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »