Специјалист за продажба

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: Понеделник – Петок

Работни задачи:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата на дизел генератори, уреди за непрекинато напојување (УПС), електро опрема, соларни системи, слабострујни и јакострујни кабли, батерии и друга опрема;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални корисници со цел презентација, промоција и продажба на услугите на компанијата;
  • Реализација на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за корисниците, според нивните моментални потреби;
  • Воспоставување, градење и оддржување на силни врски со корисниците; 
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Промовирање на услуги на компанијата, преку директна комуникација со корисници и преку присуство на настани, како и следење на нивното задоволство;

Потребни квалификации и способности:

  • Познавања од областа на технологија 
  • Напредни продажни, преговарачки и комуникациски вештини;
  • Најмалку 2-3 години работно искуство во продажба во иста или слична индустрија;
  • Одлично познавање на сите апликации на Microsoft Office пакетот; 
  • Познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Возачка дозвола Б категорија 

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »