ФИБЕРНЕТ М-К

  • ЕМБС: 6059490
  • Индустрија: Компјутери и електроника
  • Адреса: бул. Борис Трајковски бр. 117-а
  • Град: Скопје
  • Веб: www.fibernet.mk
  • Основана во 2005
Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 13 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Во почетокот, примарната дејност на компанијата беше продажба на фибер оптички компоненти и интеграција на истите. Една година подоцна, компанијата ја прошири својата палета на производи. Започнавме структурно каблирање на бакарни мрежи и нивно проектирање. Кога зборуваме за структурното каблирање, зборуваме за кабловската инфраструктура во градежните објекти, наменета за телекомуникациски услуги. Денес, ФИБЕРНЕТ М-К е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.



    КЛИКНИ