
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје како целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужува компании од сите сектори. ФИБЕРНЕТ М-К се наоѓа меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тимот се состои од квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот континуирано расте и во моментов во моментов имаме потреба од вработување на нови лица на позиција ЕЛЕКТРО МОНТАЖЕР.
ЕЛЕКТРО МОНТАЖЕРИ за слабострујни и јакострујни инсталации
Пријавете се поединечно или како екипа!
Работни задачи:
-
Инсталирање на слабострујни инсталациони кабли и системи
-
Подготовка на внатрешна инсталација кај корисник
-
Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување
-
Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Познавање на англиски јазик
- Одговорност при извршување на работните обврски
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок на зададени рокови
- За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи
На кандидатите им нудиме:
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Употреба на современи технологии и опрема
- Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидуални, итн.)
- Можност за напредување
- Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш аплицирајте со кратка биографија (CV) на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака ЕЛЕКТРО МОНТАЖЕР EМ-FIB/003.
Слични огласи »