
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е дел од мултинационалната групација на компании во регионот на Западен Балкан. ФИБЕРНЕТ ДОО е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица за работно место – ЕКОНОМИСТКА.
ЕКОНОМИСТКА EK-FIB/001
Одговорности и работни задачи:
- Набавка на материјали за инсталатерските тимови
- Пресметка на сработени активности
- Директна комуникација и координација помеѓу телеком операторите и инсталатерските тимови
- Евиденција на документи во програм Excel, соодветно од видот на документот
- Изготвување фактури за извршените услуги
- Споредби, контроли, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво
- Придржување во целост на интерните политики и процедури
Потребни квалификации и способности:
- Завршено средно образование во соодветната област (за предност ќе се смета високо образование)
- Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење)
- Пожелно е но, не и задолжително претходно работно искуство на наведената позиција
- Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентерски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и индивидуална работа
- Стрпливост и развиено чувство за детекција на грешки
- Љубопитност за учење на нови технички компоненти и концепти
Доколку сакате нови предизвици и сакате да напредувате во кариерата, тогаш придружете му се на нашиот успешен тим кој оди напред. Аплицирајте на e-mail vrabotuvanje@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате, во случајов ЕКОНОМИСТКА ЕК-FIB/001.
Огласот ќе биде активен до 21.01.2019 година.
Слични огласи »