Електро инженер

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР

Работни задачи:

  • Цртање  и изработка на електрични шеми во epland
  • Читање на техничка документација и технички цртежи
  • Изработка на идејни, основни и проекти на изведена состојба од областа на јакострујни електични инсталации
  • Изработка на понуди според направен увид и техничко решение
  • Водење на градежни книги и дневници

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование – Факултет за електротехника и информациски технологии
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на MS Word, Excel
  • Познавање на EPLAN и AutoCAD
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за самостојна и тимска работа

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адрреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »