Монтажер на слабострујни и јакострујни инсталации

Плата од 30.000 ден. до 45.000 ден.

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни и јакострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ И ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ

Работни задачи:

  • Инсталација на слабострујни кабли во деловни, индустриски и станбени објекти
  • Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап
  • Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување
  • Монтажа на кабловски регали
  • Монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
  • Комуникациски вештини
  • Способност за самостојна и тимска работа

Работно време и место каде се извршува работата:

  • Понеделник-Петок 8:00-16:00
  • Работниот ангажман вклучува работа во просториите на ФИБЕРНЕТ, како и теренска работа на територијата на Република Македонија.

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата,пратете го вашето CV на следната емаил адрреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  или аплицирајте на следниот линк https://fibernet.mk/job/montazer-na-slabostrujni-i-jakostrujni-instalacii/ 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »