СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR)

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR)

Работни задачи:

  • Подготвување огласи за слободни работни места
  • Пронаоѓање и привлекување на кандидати со користење на различни канали
  • Претходна проверка на апликациите според релевантните критериуми и изготвување на листи на кандидати за разгледување и одобрување
  • Спроведување интервјуа користејќи различни алатки/методи за селекција и тестирање на кандидатите применувајќи релевантни тестови
  • Договарање на писмени тестови и интервјуа со кандидати,
  • Изготвување прашања за интервју; вршење на референтни проверки и изготвување документи за конечни одлуки
  • Подготовка на активности поврзани со регрутирање (работни места, интервјуа, консултации, воведна обука итн.);
  • Евалуација, селекција и вршење потесен избор на кандидати за отворени позиции;
  • Подготовка, развој и имплементација на политики за човечките ресурси
  • Воведување на нови вработени во процесот на работа
  • Подготвува формулари за мерење на постигнувањата на вработените и го координира процесот на оценување
  • Организира разни настани и тековни активности за мотивирање на вработените

Потребни квалификации:

  • ВСС и најмалку 3 години искуство во регрутирање и селекција на вработени
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Задожително познавање на закони поврзани со областа

Работно време и место каде се извршува работата:

  • Понеделник-Петок 8:00-16:00 часот
  • Работниот ангажман вклучува работа во просториите на ФИБЕРНЕТ.

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV преку брза апликација или на следната емаил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »