Електричар/Сервисер

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи,  резервно напојување, електрични инсталации, уреди за  непрекинато напојување – упс и друго.

ФИБЕРНЕТ М-К е официјален застапник на светски реномираните брендови EATON MOELLER и SCHNEIDER ELECTRIC.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на следнава позиции:

ЕЛЕКТРИЧАР / СЕРВИСЕР (со и без работно искуство)

Работни задачи:

  • Извршување на активности од електро проблематика во сервис и тоа: изработка/шемирање на сите видови на електрични ормари (напојни и контролни), каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови и други слични активности;
  • Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постојките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина конкретна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алат

Потребни квалификации:

  • Способност за тимска работа
  • Работно искуство во делот на шемирање на ормари и автоматика ( доколку кандидатот нема работно искуство потребно е истиот да има желба за работа, постојано учење, лично и професионално надоградување)
  • Соодветно познавање и читање на електрични шеми (ќе се смета за предност)
  • Работа со електричен алат и инструменти за мерење, испитување и поврзување на електрична опрема
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адрреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »