За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, резервно напојување, електрични инсталации, уреди за непрекинато напојување – упс и друго.
ФИБЕРНЕТ М-К е официјален застапник на светски реномираните брендови EATON MOELLER и SCHNEIDER ELECTRIC.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на следнава позиции:
ЕЛЕКТРИЧАР / СЕРВИСЕР (со и без работно искуство)
Работни задачи:
- Извршување на активности од електро проблематика во сервис и тоа: изработка/шемирање на сите видови на електрични ормари (напојни и контролни), каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови и други слични активности;
- Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постојките и опремата;
- Грижа за исправноста на опремата и нејзина конкретна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алат
Потребни квалификации:
- Способност за тимска работа
- Работно искуство во делот на шемирање на ормари и автоматика ( доколку кандидатот нема работно искуство потребно е истиот да има желба за работа, постојано учење, лично и професионално надоградување)
- Соодветно познавање и читање на електрични шеми (ќе се смета за предност)
- Работа со електричен алат и инструменти за мерење, испитување и поврзување на електрична опрема
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адрреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »