
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР за слабострујни системи
Кандидатот треба да има познавање на следните безбедносни системи
- Видео Надзор
- Автоматска детекција и дојава на пожар
- Контрола и евиденција на пристап со картички, Видеодомофонија и Домофонија
- Механички бариери (врати и рампи) за контрола на движење на луѓе и возила
- Системи за јавна објава и озвучување
Кандидатот ќе треба да ги извршува следните активности
- Изработување на првична проценка на обемот на работа, распоредот и ресурсите потребни за успешно завршување на проект
- Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти
- Разработка на идејни решенија за конкретен објект
- Води и изготвува градежни дневници и градежни книги, месечни извештаи за проектите со кој управува
- Подготвува и ги кооринира набавките на потребените инсталациони материјали и опрема
- Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот
Потребни квалификации и способности:
- Високо образование електротехничка струка
- Работа на проекти и монтажи/инсталации за бараните системи
- Познавање на AutoCAD, MS Office, Visio, Corel DRAW
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Напредно познавање на англиски јазик
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Комуникациски вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
Компанијата нуди:
- Загарантирана плата која ќе биде во постојан раст и бонуси
- Загарантирана работа со долгорочни планови и договори
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адрреса [најави се за да го видиш е-маилот] или кликнете ТУКА за да аплицирате БРЗО и ЛЕСНО преку формата за аплицирање, со избор на огласот.
Слични огласи »