ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР EI-FIB/001

  • Објавен пред 2 недели
  • ФИБЕРНЕТ
  • Активен до 23.10.2018
  • Позиција: Електро/машински техничар
  • Локација: Скопје

Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е дел од мултинационалната групација на компании во регионот на Западен Балкан. ФИБЕРНЕТ ДОО е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР.

 

ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР EI-FIB/001

 

Работни задачи:

  • Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување, монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

 

Потребни квалификации:

  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорност во извршување на работните обврски
  • Комуникациски вештини
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок на зададени рокови
  • За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи

 

На кандидатите им нудиме:

  • Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
  • Употреба на најмодерни информатички технологии
  • Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
  • Можност за напредување
  • Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување

 

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса bobana.crvenkovska@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен до 23.10.2018 година.

КЛИКНИ