
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија специјализирана во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Тимот на ФИБЕРНЕТ M-K Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – СЕРВИСЕР НА ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ.
СЕРВИСЕР НА ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ
Работни задачи:
- Комплетно сервисирање на дизел електрични генератори со мотор со внатрешно согорување
- Тековно одржување на веќе инсталирани дизел електрични генератори со посета на локација
- Монтажа на електрични ормани за автоматско стартување на генератор
- Монтажа на опрема за далечинска контрола на генератор
- Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа
Потребни квалификации:
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Основно познавање на англиски јазик
- Одговорност и самоиницијативност во извршување на работните обврски
- Способност за индивидуална и тимска работа на зададени рокови
- За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со дизел електрични генератори
На кандидатите им нудиме:
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Употреба на модерна технологија и соодветна опрема
- Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
- Можност за напредување
- Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адрреса http:// [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте на следниот линк https://fibernet.mk/job/serviser-na-dizel-elektrichni-generatori-2/
Слични огласи »