
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е македонска компанија специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна мрежна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица за работната позиција – МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар.
МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ МКМ-FIB/001
Работни задачи:
- Инсталација на коаксијална мрежа кај краен корисник и активирање на интернет услуги
- Изведба на внатрешна инсталација во станбени и деловни објекти
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Поседување на возачка дозвола од Б категорија, со искуство во сообраќај
- Подготвеност за тимска и самостојна работа на зададени рокови
- Прецизност и работливост
- За предност за смета претходно работно искуство за бараната позиција
На кандидатите им нудиме:
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Употреба на најмодерни информатички технологии
- Континуирано усовршување во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
- Можност за напредување (лично и колективно)
Доколку сакате нови предизвици и сакате да напредувате во кариерата, тогаш придружете му се на нашиот успешен тим кој оди напред. Аплицирајте на e-mail vrabotuvanje@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате, во случајов МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ МКМ-FIB/001.
Огласот ќе биде активен до 21.01.2019 година.
Останати огласи »