
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија специјализирана во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Тимот на ФИБЕРНЕТ M-K Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР.
ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР EI-FIB/004
Работни задачи:
- Изведба на високонапонски електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување, монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
- Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа
Потребни квалификации:
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Познавање на англиски јазик
- Одговорност во извршување на работните обврски
- Комуникациски вештини
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок на зададени рокови
- За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со високонапонски инсталации и системи
На кандидатите им нудиме:
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Употреба на најмодерни информатички технологии
- Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
- Можност за напредување
- Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш испратете ваша кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжително назнака ЕЛЕКТРОИНСТАЛАТЕР EI-FIB/004.
Огласот ќе биде активен до 28.02.2019 година.
Слични огласи »